Atomic Energy Lab Kit - Најопасната играчка во светот

Играчката Atomic Energy Lab Kit им овозможувала на децата да набљудуваат вистинска нуклеарна фисија, од удобноста на нивниот дом.

najopasnata-igrachka-vo-svetot-koja-sodrzhi-uranium-01.jpg

Нo, колку возбудливо и да звучи ова, играчката била радиоактивна поради ураниумот што го содржела. За среќа, овој сет бил достапен на пазарот само неколку години.

Во средината на 20-тиот век, атомската енергија доживеала вистински бум. Компанијата A. C. Gilbert решила да го искористи ова, па во 1950-та година направилe играчка со која секој можел да си направи нуклеарна лабораторија во својот дом.

najopasnata-igrachka-vo-svetot-koja-sodrzhi-uranium-02.jpg

Сетот за деца содржел 150 различни експерименти, вклучувајќи и неколку видови ураниум, коj е клучнaта состојки за нуклеарна бомба. Со играчката доаѓал и прирачник, па дури и образец за порачување резервни радиоактивни извори.

najopasnata-igrachka-vo-svetot-koja-sodrzhi-uranium-03.jpg

Во одбрана на компанијата, играчката не била толку опасна колку што звучи. Иако радијацијата е лоша, радиоактивните материјали во сетот биле релативно безбедни. Всушност, тие зрачеле исто радијација колку што би добиле и од УВ зраците на сонцето.

Сепак, прирачникот не ги предупредувал децата да не ги отвораат заштитните садови, со што радијацијата ќе се разнесе низ домот.

najopasnata-igrachka-vo-svetot-koja-sodrzhi-uranium-04.jpg

Но, сетот можел да предизвика и изгореници како оние од сонце, доколку го држите премногу долго.

Веројатно поголем проблем кај играчката била нејзината цена. Кога се појавила на пазарот, играчката чинела 50 долари. Кога цената ќе се прилагоди со инфлацијата, играчката чинела 500 денешни долари.

najopasnata-igrachka-vo-svetot-koja-sodrzhi-uranium-05.jpg

После само две години на пазарот, играчката била тргната, но во тоа време биле продадени дури 5.000 примероци.

Денес овие сетови се за колекционери, најмногу поради нивниот мал број. Можете да ги најдете и на интернет, по цена од околу 2.000 долари.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава