10-те најскапо продадени фотографии на сите времиња

Постои изрека која вели дека една слика вреди илјада зборови. Но, понекогаш една слика може да вреди и милиони долари.

10-te-najskapo-prodadeni-fotografii-na-site-vreminja-01.jpg

Фотографиите во продолжение се едни од најскапите, иако многу експерти не се согласуваат за нивната вредност и нивниот квалитет.

Понекогаш е тешко да се одреди што ја прави една фотографија вредна и скапа, но луѓето без проблем платиле цело богатство за фотографиите во продолжение.

The Pond Moonlight: 2,9 милиони долари

Во 2006-та година, Хауард Гилман, колекционер од Америка, платил 2,9 милиони за оваа фотографија и ја направил најскапата во тој период.

Фотографијата е направена во 1904-та година, од страна на Едвард Стејчен и е една од првите во боја. Токму поради ова е ценета во кругот на фотографите.

10-te-najskapo-prodadeni-fotografii-na-site-vreminja-02.jpg

Untitled Film Still #48: 2,96 милиони долари

Оваа фотографија е дело на Синди Шерман и е дел од серија со 69 црно-бели фотографии.

Фотографиите се направени помеѓу 1977-ма и 1980-та година, а целта на Синди била да ги натера луѓето да помислат дека гледаат филмска сцена.

Ова е најскапата фотографија од проектот, но не и најскапо продадената фотографија на Синди.

10-te-najskapo-prodadeni-fotografii-na-site-vreminja-03.jpg

Cowboy: 3,75 милиони долари

Фотографијата е направена од Ричард Принц, истиот фотограф што стои зад познатите фотографии со каубои направени за Marlboro.

Од овој серијал е продадена уште една фотографија за повеќе од милион долари.

Сепак, многу критичари не ја сакаат работата на Ричард, најмногу бидејќи сметаат дека го прави истото нешто уште од 80-тите.

10-te-najskapo-prodadeni-fotografii-na-site-vreminja-04.jpg

99 Cent II Diptychon: 3,3 милиони долари

Во 2007-ма година, оваа фотографија на германскиот артист Андреас Гарски била продадена за повеќе од 3 милиони долари.

Фотографот дигитално ги изменил боите на фотографијата и ја намалил перспективата.

10-te-najskapo-prodadeni-fotografii-na-site-vreminja-05.jpg

Dead Troops Talk: 3,6 милиони долари

На оваа фотографија се прикажани група војници во Авганистан. Иако фотографијата изгледа како неверојатно дело на воен фотоновинар, таа била направена во студио во Канада со актери.

Во 2011-та година, фотографијата била продадена за 3,6 милиони, многу повеќе од очекуваните 2 милиони.

Актерите била фотографирани одделно, а потоа дигитално биле вметнати на истата фотографија.

10-te-najskapo-prodadeni-fotografii-na-site-vreminja-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава