Кои материјали можат вечно да се рециклираат?

Загадувањето предизвикано од пластика и слични нееколошки материјали е едно од најкритичните прашања за опстанокот на животот на планетата, особено зашто тие се произведуваат во многу поголеми количини отколку што можеме да се справиме.

Koi materijali mozat vechno da se recikliraat 01

Селектирањето отпад и рециклирањето само по себе не е одговор на еколошката криза која алармантно се проширува низ светот. Еве зошто:

Наједноставно речено, рециклирањето е процес на претворање на отпадот во нова суровина од која може да се направат нови производи. Но, не секој материјал може бесконечно многу пати да помине низ овој процес, бидејќи повеќето материјали губат од своите квалитети при секое наредно рециклирање пред да станат потполно неупотребливи.

Така, на пример, хартијата е биоразградлив материјал кој се состои од целулозни влакна, но нејзиниот живот е ограничен. Таа може да се рециклира до 6 пати, бидејќи при секое наредно рециклирање нејзините влакна се скратуваат се повеќе. 

Пластиката пак, на сличен начин како хартијата, се состои од влакна кои при секое рециклирање се скратуваат, но истата не е биоразградлива. Одредени типови пластика воопшто не можат да се рециклираат, а некои го поминуваат процесот до 9 пати пред да се претворат во неупотреблив материјал.

Сепак, постојат материјали кои без разлика колку пати претходно биле рециклирани успеваат да го задржат својот првобитен квалитет. Тоа се следните:

Стакло. Материјал кој на планетава веќе се рециклира околу 3000 години и притоа не ги губи своите квалитети како суровина. Дури, повеќе енергија е потребна да се произведе ново стакло отколку старото да се рециклира.

Сепак, важна е претходната селекција, бидејќи постојат повеќе типови на стакло со различна боја и температура на топење зависно од нивната намена.

Koi materijali mozat vechno da se recikliraat 02

Челик. Челикот е легура која е 100% рециклабилна. Од челик се произведуваат разни видови на конзерви за складирање храна и други производи. Овој тип на амбалажа е многу поеколошка и побезбедна од пластичната.

Алуминиум. Една од причините поради кои во многу земји може да добиете надомест за рециклирање лименки е зашто тие се направени од алуминиум од кој може бесконечно многу пати да се направат нови лименки.

Сите метали. Без разлика дали се обоени или необоени, металите имаат неограничен рок на траење.

Koi materijali mozat vechno da se recikliraat 03

За да се справиме со еколошката криза на подобар начин, препорачливо е да се избегнува производството на предмети од суровини кои се употребуваат само неколку пати, а потоа завршуваат во отпад.

Подобро е нивното користење да се сведе на неопходниот минимум или целосно да се заменат со материјали кои можат вечно да се рециклираат или се биоразградливи.

А. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...

Најчитани неделава