5 типови на жени кои мажите тешко ги забораваат

Постојат неколку причини зошто мажите никогаш не ги забораваат некои од своите стари љубови со кои поминале одреден дел од животот.

5-tipovi-na-zeni-koi-mazite-tesko-gi-zaboravaat-001.jpg

Зошто е тоа така и која е тајната зад ова прашање, дознајте во продолжение...

Сочувствителна жена

Во денешно време, посилниот пол е осуден на силните жени. Сепак, и мажите (ако заборавивте) исто така имаат чувства и понекогаш треба да разговараат (па дури и да плачат) за да бидат разбрани.

Доколку не се однесувате само како негова љубовница, туку покажувате емпатија и делувате како пријател на кој може да смета, тој нема лесно да ве заборави.

Бидете силни и свои, но имајте го ова на ум: Девојка која знае да слуша и да дава совети може да отвори која било врата.

Независна жена

Низ вековите, мажите секогаш биле воини, рудари, риболовци, а од неодамна и успешни деловни луѓе, па често забораваат дека светот се сменил. Ова значи дека жените повеќе не седат дома и не чекаат нивниот маж да се врати дома по напорниот ден.

Успешна и независна дама, дури и на лидерска позиција, со своја банкарска сметка и смисла за хумор, е сè уште културен шок за многумина.

Мажите, иако малкумина ќе го признаат тоа, најчесто се плашат од таквите жени, иако не престануваат да ги сонуваат ноќе.

5-tipovi-na-zeni-koi-mazite-tesko-gi-zaboravaat-2.jpg

Недопирлива жена

Порано или подоцна, скоро секоја жена ќе сфати дека повеќето мажи се деца - сонуваат за играчка што нивната мајка никогаш не им ја купила.

Го одбивте: неговиот сон е завршен, неговиот врв не е освоен, неговото срце е скршено, како и неговата самодоверба - природно е дека ќе ве запомни.

Духовита жена

Секако, тоа не значи дека мора да правите кловн од себе. Духовити шеги, весело расположение и самоиронија привлекуваат како магнети. Ваквите брилијантни лица никогаш не се забораваат.

И убава и драга жена

Во денешно време сите се обидуваат да остават впечаток дека не ги интересира надворешниот изглед, туку личноста, но тоа е лага или утопија.

Факт е, без оглед на полот, дека очите му испраќаат на мозокот слика на личноста што ја гледаме и во тој момент овој орган чувствува или не чувствува возбуда од тоа што го гледа.

Можеме да фантазираме за тоа како изгледот ни е помалку важен, но потсвеста го прави своето. Така и мажите, исто како и жените, го сакаат она што е пријатно за око.

Кога ќе се погодат изгледот и особеноста, не само што таквата личност ќе ве изненади, туку никогаш нема да ја заборавите, бидејќи е ретка.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава