Чист дом - чист ум: Кои се психолошките придобивки од чистењето?

За брзиот живот во 21 век, чистењето е само уште една досадна обврска која се наоѓа на дното на листата. Но, не мора да биде така доколку ја промениме перспективата и се обидеме да го доживееме на нов начин - како ментална хигиена.

Chista soba chist um za psiholoshkite pridobivki od chistenjeto 01

Начинот на кој што го доживуваме својот дом директно влијае врз нашето здравје.

Ова го тврди една студија од 2010 година, според која, оние кои домот го доживуваат како неуреден, хаотичен и како уште еден извор на обврски, имаат покачено ниво на кортизол - хормон на стресот.

Истовремено, оваа студија потврдува дека жените се позасегнати од мажите, што е резултат на наметнатите општествени барања и социјални улоги.

Чистењето и средувањето не мора да биде уште една напорна обврска оставена за недела наутро, кога се справуваме со хаосот од претходната седмица.

Воспоставувањето на здрави навики за чистење може да има позитивно влијание врз нашето расположение, начинот на кој го организираме времето и самодисциплината.

Будистите сметаат дека со редовното чистење на домот, оваа практика се проширува и на другите области од животот.

Некои од придобивките за нашето ментално и физичко здравје се следниве:

Намалување на анксиозноста

Истражувачи од Универзитетот во Конетикат во својата студија велат дека луѓето кога се под стрес се стремат кон повторувачки активности како што е чистењето.

Ова претставува обид за повторно воспоставување контрола врз својот живот и справување со надворешниот свет - а истото резултира со намален степен на анксиозност.

Позитивни емоции

На потсвесно ниво, чистиот и среден простор дава чувство на релаксираност, сигурност и смиреност, додека несредениот може да создава чувство на вознемиреност, дефокусираност и незавршена работа.

Пренасочување на мислите

Бришењето на прашината, диплењето на облеката или миењето на чиниите можат да се претворат во активности низ кои привремено се одмораме од грижите и мислите кои нè оптоваруваат.

На пример, фокусирајте се на сопственото дишење додека ги изведувате движењата. Вежбајте присутност преку текстурите, боите и мирисите кои можете да ги забележите низ овој процес.

Физичка активност

Потребни се само 20 минути дневна физичка активност за да се почувствува намалување на нивото на стрес.

Но, тоа не мора да биде само спортска активност, бидејќи и чистењето на домот го постигнува истиот ефект. Чистење со правосмукалка, џогер или реорганизирање на просторот може да бидат добар издувен вентил за состојби на напнатост, гнев или лутина.

Како да се воспостават навики кај децата?

Усвојувањето на здрави навики за чистење е важно уште од рана возраст.

Но, сето тоа треба да се направи на еден забавен начин, бидејќи не треба да се заборави дека детството е период за изразување, експериментирање и сето тоа е проследено со симпатичен детски хаос кој ја поттикнува креативноста.

Најдобро е после секоја игра да се одреди време за средување на играчките, кое самото по себе може да се претвори во игра и да биде наградено!

А. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава