Необични работи кои може да ги најдете на Амазон

Пред некој ден немав попаметна работа, па додека чепкав по интернет, читајќи необични статии, налетав на веб-страната Амазон.

neobicni raboti koi moze da gi najdete na amazon 2

Да бидам искрен, ретко пребарувам тука и во тој момент се сетив дека еден пријател ми зборуваше какви сè необични стварчиња можеш да најдеш во оваа онлајн продавница.

Мислам дека изгубив саат и нешто, гледајќи работи кои многу ретко можат да ти бидат од корист. И се запрашав, зарем ги купува некој.

Штом се веќе ставени таму, веројатно некој и ги поседува по дома. Во секој случај, постојат луѓе кои наоѓаат радост во поседување на необични предмети, можеби и јас ќе бидам таков еден ден. 

Доволно е што се наканив да напишам текст на оваа тема. Тоа е изгледа првиот чекор. 

Во продолжение следува листа не необични работи кои мене лично ми го привлекоа внимание на Амазон:

Овој продукт беше појдовна точка – раце со прсти за рака со прсти, барем јас така си ја преведов оваа необична, но истовремено и интересна играчка.

neobicni raboti koi moze da gi najdete na amazon 6

Уште почудно ми стана кога видов дека се продаваат 1.500 живи бубамари, кои гарантираат дека инсектите ќе стигнат живи на домашна адреса.

Посакав да си нарачам, ама се предомислив. Сигурно сите 1.500 бубамари нема да го издржат патот до Македонија или самите ќе се погубат од фактот што се тука испратени.

neobicni raboti koi moze da gi najdete na amazon 7

Ова е малку забегано. Daddle Saddle или во превод седло за коњ (татко ти), идеално за деца од 2 до 6 години.

neobicni raboti koi moze da gi najdete na amazon 5

Наместо да купувате сапуни од локални супермаркети, нарачајте си органски сапун за капење со зрнца од кафе во форма на жаба. 

Дами, ако ве мава некоја депресија, замислете дека сапунот е принц и со еден бакнеж ќе го добиете својот партнер на животот.

neobicni raboti koi moze da gi najdete na amazon 4

Во случај ако сакате на вашите деца да им ја разбудите креативноста или едноставно вие сакате да се навратите на некои стари времиња, нарачајте ја оваа необична боенка со животни што прдат. Мислам дека ќе се забавувате до бесвест!

neobicni raboti koi moze da gi najdete na amazon 3

Доста се за денес. Продолжуваме наскоро!

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...

Најчитани неделава