5 славни жени кои се отворија за проблемите со менталното здравје

Еден од најефикасните начини за борба против стигмата на менталното здравје е да ги слушнете искуствата на другите луѓе. 

Ovie 5 slavni zeni zboruvaat potpolno iskreno za depresija 01

Во продолжение прочитајте ги приказните на 5 славни личности, кои потполно искрено зборуваат за своите искуства со депресија, биполарно растројство и нарушувања во исхраната.

Криси Тајген

Манекенка и мајка на две деца, искрена во врска со своето искуство со постнаталната депресија и анксиозност:

„Не мислев дека ова може да ми се случи. Имам добар живот. Имам секаква можна помош: мојот сопруг, мојата мајка, која живее со нас, и мојата дадилка. Но постнаталната депресија не прави дискриминација.

Не можев да ја контролирам и затоа ми требаше толку долго време да се отворам. Се чувствував себично, нервозно и чудно изјавувајќи гласно дека се мачам и борам.

Го кажувам ова затоа што сакам луѓето да знаат дека тоа може да му се случи на секого и не сакам мајките што поминуваат низ постнатална депресија да се чувствуваат непријатно, срамотно или осамено.“

Ovie 5 slavni zeni zboruvaat potpolno iskreno za depresija 02

Селена Гомез

Селена Гомез веќе долго време зборува отворено за своето ментално здравје.

„Имав многу проблеми со депресија и анксиозност и бев многу искрена за тоа, но тоа не е нешто што мислам дека некогаш ќе го надминам. Нема да има ден кога ќе изјавам дека победив.

Мислам дека ова е битка со која ќе треба да се соочувам до крајот на животот и тоа е во ред, затоа што знам дека се бирам себеси пред сè друго“.

Ovie 5 slavni zeni zboruvaat potpolno iskreno za depresija 03

Деми Ловато

Во 2011 година Деми Ловато откри дека има дијагностицирано биполарно растројство и оттогаш е искрена за нејзиното лекување.

„Ако знаете некого или вие самите се борите со ова, знајте дека е можно да се живее добро. Јас сум најдобар пример за ова. Мојот тим за лекување постои за мене во секое време и ќе биде таму за да ме поддржува во текот на моето закрепнување.

Оваа врска трае, ова не е нешто што ќе исчезне со само едно одење кај терапевт или психијатар. Мора да се грижите за себе.“

Покрај тоа, пејачката со години се бореше со булимија и самоповредување, но откако целосно се откажа од сите свои диети и започна со фитнес, почна да се прифаќа себеси.

Ovie 5 slavni zeni zboruvaat potpolno iskreno za depresija 04

Халси

Во 2015 година, пејачката Халси јавно призна дека има биполарно растројство и оттогаш продолжува да зборува за тоа.

„Веќе два пати се лекував, но сега веќе не се срамам да зборувам за тоа. Тоа беше мој избор. Му реков на мојот менаџер: Нема да направам ништо лошо, но стигнав до точката каде се плашам дека би можела, па морам да работам на тоа.

Тоа сè уште му се случува на моето тело. Само сега знам кога и како да бидам во предност над болеста.“

Ovie 5 slavni zeni zboruvaat potpolno iskreno za depresija 05

Камила Мендес

Камила Мендес, ѕвездата на серијата „Riverdale“ објави на Инстаграм во 2017 година дека заздравува од нарушување во исхраната.

„Се борев со булимија. Ова почна да ми се случува во средно училиште и повторно кога бев на факултет. Сепак, се врати кога започнав да работам во оваа индустрија, гледајќи се на екранот.

Имав толку емотивна врска со храната и анксиозност за работите што ги внесував во моето тело. Отидов на терапевт и таа ми препорача нутриционист. Двајцата ми го сменија животот.

Голем дел од анксиозноста исчезна кога почнав да учам повеќе за здравата исхрана“.

Ovie 5 slavni zeni zboruvaat potpolno iskreno za depresija 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници Гробишта кои изгледаат како од хорор-филм, отпечатоци од стапала на тремот по по...

Најчитани неделава