„Престани да јадеш, здебелена си“ - Работи што смее да ви ги каже само најдобрата пријателка

Разликата помеѓу пријателките и најдобрата пријателка можеби е мала, но само најдобрата пријателка може да ви каже некои работи.

prestani-da-jadesh-si-se-zdebelila-raboti-shto-mozhe-da-vi-gi-kazhe-samo-najdobrata-prijatelka-01.jpg

Само вашата најдобра пријателка може да биде целосно искрена кон вас и само таа може да ви даде критика за што било, без да се почувствувате засрамено.

Најдобрата пријателка е личноста што секогаш ќе ви ја кажува вистината, без разлика колку не сакате да ја слушнете.

А доколку имате најдобра пријателка, сигурно ви има кажано барем дел од овие работи:

„Не можам да ти се јавам, во тоалет сум“

Денес ретко кој оди во тоалет без телефон, но сигурно не раскажувате на сите за тоа. Сепак, ако ја побарате најдобрата пријателка додека е во тоалет, таа без проблем ќе ви каже зошто е зафатена.

„Ова парче облека воопшто не ти стои“

Со кој ќе одите да купувате нова облека, ако не со вашата најдобра пријателка? Покрај тоа што ќе ви прави друштво, таа ќе ви биде и најискрениот моден критичар.

Па ако одберете нешто што воопшто не ви стои добро, вашата најдобра пријателка без двоумење ќе ви го каже тоа.

prestani-da-jadesh-si-se-zdebelila-raboti-shto-mozhe-da-vi-gi-kazhe-samo-najdobrata-prijatelka-02.jpg

„Не ми се излегува, може да преместиме за утре?“

Без разлика какви планови сте имале со најдобрата пријателка, ако се чувствува лошо и не ѝ се излегува, ќе ја разберете. А, секогаш важи и спротивното.

Можеби некогаш ќе ја убедите да излезе кога не е расположена за тоа, но сепак нема да ѝ замерувате, дури и ако го одложите планот.

„Тоа момче не е добро за тебе“

На секој му се случува лудо да се вљуби, па да не може да ги согледа недостатоците на саканата личност. Токму во овие моменти, истапува најдобрата пријателка.

Доколку таа смета дека вашиот партнер или некој што ви се допаѓа не е добар за вас, веднаш ќе ви го каже тоа.

Според неа, вие го заслужувате најдоброто и нема да дозволи да бидете со личност што не ве прави среќни.

prestani-da-jadesh-si-se-zdebelila-raboti-shto-mozhe-da-vi-gi-kazhe-samo-najdobrata-prijatelka-03.jpg

„Си се здебелила/си ослабела“

Вашата најдобра пријателка секогаш може да коментира за вашиот изглед, без да направи да се чувствувате лошо.

Ако забележи дека сте качиле некој килограм или дека сте ослабеле, сигурно ќе ви го каже тоа.

„Треба да се извиниш“

Кога ќе направите грешка, може да биде тешко да признаете и да се извините. Затоа, овде е вашата најдобра пријателка, која ќе ви помогне да размислувате рационално.

Ако сте згрешиле некому, без разлика на кој, вашата пријателка ќе ве натера да бидете подобра личност и да се извините.

prestani-da-jadesh-si-se-zdebelila-raboti-shto-mozhe-da-vi-gi-kazhe-samo-najdobrata-prijatelka-04.jpg

„Треба да си го средиш животот“

Ако вашата пријателка забележи дека сте скршнале од патот, нема да ви дозволи да продолжите така.

Бидејќи сте свесни дека секоја забелешка ѝ е добронамерна, не ѝ е страв да ви каже кога треба да си го средите животот.

„Тргни го ужасното селфи од Instagram“

Вашата најдобра пријателка сака секогаш да изгледате одлично, па кога ќе објавите лошо селфи или лоша фотографија од вас, веднаш ќе ве предупреди.

prestani-da-jadesh-si-se-zdebelila-raboti-shto-mozhe-da-vi-gi-kazhe-samo-najdobrata-prijatelka-05.jpg

Ништо

Само затоа што ви е најдобра пријателка, не значи дека постојано треба да зборувате. Всушност, токму со неа најмногу уживате во тишината.

Без разлика дали гледате филм или само „зјапате“ во вашите телефони, и двете се чувствувате удобно кога не зборувате ништо.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg