Змејот кој пакости на празничната магија - Божиќната реклама на John Lewis за 2019-та (видео)

Божиќната реклама на John Lewis која секоја година ја очекуваме со нетрпение, пристигна, а главна улога има малечкиот змеј Едгар, кој несвесно пакости и ја уништува магијата, но има среќен крај благодарение на девојчето кое го поддржува.

zmejot-koj-pakosti-na-praznichnata-magija-bozhikjnata-reklama-na-john-lewis-za-2019-ta-video-01.jpg

Божиќните реклами се оние кои ја отвораат празничната сезона и секоја година уживаме во емотивните приказни кои брендовите ги прикажуваат во кратки видеа.

Овогодишната реклама на John Lewis ја следи приказната за малечкиот змеј Едгар, кој сака да ужива во празничната магија како сите останати, но огнот кој несвесно го испушта, ја уништува атмосферата и радоста на децата.

Сепак, на крајот успева да се искупи и да покаже дека може да биде дел од нив.

Божиќната кампања на компанијата чини околу 7 милиони фунти годишно, но секоја година има неверојатен успех на светско ниво.

Погледнете ја божиќната реклама на John Lewis за 2019-та:

https://www.youtube.com/watch?v=r9D-uvKih_k

Потсетете се на рекламите од минатите години:

2018-та

2017-та

2016-та

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето... Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една ...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
Coca Cola ја донесе божиќната магија – рекламата повторно со AI, делува како бајка од Disney филмови... Панди, фоки и други животни се главни ликови во новата божиќна реклама на Coca C...

Најчитани неделава