Coca Cola ја донесе божиќната магија – рекламата повторно со AI, делува како бајка од Disney филмовите (видео)

Панди, фоки и други животни се главни ликови во новата божиќна реклама на Coca Cola која наликува на новогодишна Disney бајка со препознатливиот камион со светилки, а и оваа година е направена со вештачка интелигенција, но многу подобро од минатогодишната.

coca-cola-ja-donese-bozhikjnata-magija-reklamata-povtorno-so-ai-deluva-kako-bajka-od-disney-filmovite-01.jpg

Кога ќе го видиме црвениот Coca Cola камион со светилки како минува низ снежни покривки, заедно со препознатливата мелодија на „Holidays are Coming“, и сите кои со нетрпение го очекуваат Дедо Мраз – знаеме дека празниците навистина се ближат.

coca-cola-ja-donese-bozhikjnata-magija-reklamata-povtorno-so-ai-deluva-kako-bajka-od-disney-filmovite--03.jpg

Божиќната реклама за 2025 на Coca Cola пристигна и со тоа официјално започна празничната сезона.

Со оглед на тоа што вештачката интелигенција зема замав, оваа година брендот повторно на овој начин ја направи рекламата наместо со вистински луѓе.

Минатата година многумина не беа задоволни, а овој пат, се смета дека е многу подобро направена и дека сепак пренесува топлина која сите сакаат да ја почувствуваат во овој период.

coca-cola-ja-donese-bozhikjnata-magija-reklamata-povtorno-so-ai-deluva-kako-bajka-od-disney-filmovite-02_copy.jpg

За продукција на спотот, Coca Cola најмиле студио за AI од Лос Анџелес, а во рекламата сите објекти и животни се направени со вештачка интелигенција, како и единствената личност, Дедо Мраз, според оригиналните цртежи на брендот.

Од компанијата веруваат дека од лани досега, многу работи се сменети и во технологијата и во општеството, па сметаат дека сега луѓето ќе бидат посреќни од резултатот.

Сцената наликува како зимска Disney бајка, исполнета со многу панди, фоки и други животни, со шише Coca Cola во рака, кои со радост го следат празничниот камион како ја носи магијата и на крај секако, се појавува Дедо Мраз.

coca-cola-ja-donese-bozhikjnata-magija-reklamata-povtorno-so-ai-deluva-kako-bajka-od-disney-filmovite_copy.jpg

Сепак, оваа реклама не е достапна на YouTube во нашата држава, кликнете на Инстаграм објавата за да ја погледнете:

Рекламата која е достапна за нашата земја погледнете ја во продолжение:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...
16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор „Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и п...

Најчитани неделава