8 работи за кои зрелите жени никогаш не се грижат

Со текот на годините, доаѓа и искуството, па жените кои ја достигнале својата зрелост, знаат дека треба да престанат да се грижат за некои работи кои порано ги мачеле.

8-raboti-za-koi-zrelite-zheni-nikogash-ne-se-grizhat-01.jpg

Иако некои жени доцна или никогаш не си ја учат лекцијата, има и такви кои навреме ја достигнуваат зрелоста.

Зрелите жени се разликуваат по тоа што знаат колку вредат и некои незначајни работи не може повеќе да допрат до нив како порано.

Животот е премногу краток за да се грижите за некои работи, а на зрелите жени не им е гајле за следниве работи:

1. Дали е модерно и дали околината го прифаќа тоа што го облекле. Се облекуваат за да си бидат убави на себе и да им биде удобно.

2. Што мислат другите луѓе за нив. Тие знаат кои се и што се, па не им е потребно туѓото мислење.

3. Мислењата од другите за нивниот сексуален живот. Со кој спие и колку често е лична работа.

4. Немаат желба ниту потреба да им прават лице на луѓето кои не заслужиле љубезност.

5. Не ги интересира дали ги имаат идеалните 90-60-60 пропорции на телото. Важно ѝ е да биде здрава и среќна.

6. Не им е гајле дали се поразлични од другите во друштвото. Не живеат за другите, туку за себе.

7. Брендираната облека им е тотално неважен фактор во животот. Ако облеката им се допаѓа, ќе ја купат, независно од каде е – брендирана или не.

8. Како се и што прават нивните бивши партнери. Во моментот кога излегле од нивниот живот, тие луѓе не постојат за нив.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава