8 навики кои издаваат дека луѓето имале скромно или сиромашно детство
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


8 навики кои издаваат дека луѓето имале скромно или сиромашно детство

Ако ги набљудувате навиките на богатите и сиромашните луѓе, ќе забележите дека тие се дијаметрално спротивни.

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-001.jpg

Но, како би знаеле дали некој е роден со златна лажичка или добро се изнамачил како дете, за сега да живее пристоен живот.

Луѓето кои како деца живееле скромно или растеле во сиромаштија, имаат 8 клучни навики кои ги издаваат:

1. Трошат пари на работи кои реално не можат да си ги дозволат

Желбата на родителите да заштедат некој денар и да издржат до следната плата, значително се одразува на детето. Кога ќе пораснат, децата почнуваат да ги трошат парите кои ги немаат и купуваат работи кои можеби и не им требаат.

Таков е случајот со сите модерни гаџети и скапата технологија, која 90% од луѓето ја купуваат на рати, бидејќи не можат да си ја дозволат.

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-01.jpg

2. Парадоксално, попрво би купиле скап подарок, отколку да ги потрошат парите на себе

Луѓето кои сметаат дека некоја работа за нив е прескапа и нема поента да ја поседуваат, а без проблем би ја купиле за подарок, се оние кои растеле скромно и сиромашно.

На овој начин се обидуваат на другите да им покажат дека имаат финансиска стабилност, штом одвоиле толкав буџет за подарок, иако самите се свесни дека ситуацијата е спротивна.

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-02.jpg

3. Посклони се на ризик

Се верува дека децата кои растеле во сиромаштво се склони на ризични предизвици со пари, како на пример коцкање и обложување, бидејќи во главата им е врежано дека „немаат што да изгубат.“

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-03.jpg

4. Сакаат убава храна и се срамат да фрлат макар и неколку залчиња

Свесни се како е да живееш со празен стомак и да немаш пристап до високо квалитетна храна, па како возрасни сакаат да пробаат сè што им се нуди.

Исто така, се екстремно внимателни со рокот на употреба и не дозволуваат работите. Се чувствуваат ужасно кога нешто ќе скапе од лошо планирање на неделното или месечното мени, па мора да го фрлат.

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-04.jpg

5. Би платиле и повеќе од потребното, само за да имаат комфор

Ако како деца секој денар им бил внимателно искалкулиран, кога ќе пораснат и ќе почнат да заработуваат, луѓето почнуваат да си дозволуваат комфорни работи.

На пример, иако јавниот превоз е далеку поевтина варијанта, сепак ја бираат удобноста на таксито.

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-05.jpg

6. Инстантно ја празнат сметката

Штом им се исплати платата, во наредните неколку дена живеат кралски, за потоа да се притискаат до следната. Ова е најголемата грешка која ја повторуваат луѓето кои израснале во сиромашни семејства.

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-06.jpg

7. Кога им се нуди нешто бесплатно, непријатно им е да прифатат

На пример, корпоративните ручеци или картички со попуст за во теретана на сметка на фирмата во која работат за нив се непријатна тема.

Кога некој и да се обиде да им даде бесплатни работи, имаат чувство како да ги жали, токму поради тешкото минато.

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-07.jpg

8. Избегнуваат да склучат договор за автоматско повлекување на пари, бидејќи најважното го плаќаат во последен момент

Не сакаат да се согласат на повлекување средства од сметката, бидејќи дури и најважните долгови не ги плаќаат додека не им пристигне опомена.

8-naviki-koi-izdavaat-deka-lugjeto-imale-skromno-ili-siromasno-detstvo-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 работи кои треба да ги направите до крајот на летото Летото брзо поминува, па време е да станете од под клима и да го искористите мак...
8 работи за кои зрелите жени никогаш не се грижат Со текот на годините, доаѓа и искуството, па жените кои ја достигнале својата зр...
9 работи кои жените ги сакаат, но ниту во сон нема да признаат Кога ги „меркаат“ - иако тврдат дека ги нервира кога мажите зјапаат, за нив тоа ...