Навидум безопасни секојдневни навики со кои ја уништуваме планетата

Секоја година се фрлаат над 1,3 милијарди тони храна. Истовремено, секоја година умираат над 100 милиони животни бидејќи консумираат пластика.

navidum-bezopasni-sekojdnevni-naviki-so-koi-ja-unishtuvame-planetata-01.jpg

Овие бројки покажуваат дека навистина е време да размислиме за нашите постапки и да преземеме нешто.

Можеби не можеме да промениме сè преку ноќ, но дури и најмалите промени можат да направат разлика.

Затоа погледнете кои се навиките со кои продолжуваме да ја уништуваме природата и кои можеби треба да ги промените:

Произведување храна што не се консумира

Секоја година, една третина од произведената храна, односно околу 1,3 милијарди тони храна се фрлаат. За производството на волкава количина храна, секоја година се уништуваат милиони дрва и растенија.

Според податоците, најмногу се фрла зеленчукот, а веднаш по него се наоѓа морската храна.

navidum-bezopasni-sekojdnevni-naviki-so-koi-ja-unishtuvame-planetata-02.jpg

Одмор на брод за крстарење

Бродовите за крстарење се како пловечки градови, па загадуваат колку цел град. Се покажало дека воздухот во овие бродови е со ист квалитет колку и во најзагадените градови во светот.

Се претпоставува дека над 50.000 Европејци умираат секоја година поради загадувањето од бродовите.

Истражувањата покажале и дека јаглеродниот отпечаток на една личност се зголемува три пати кога е на брод за крстарење, во споредба со секојдневниот живот.

Друго истражување покажало дека од 77 бродови за крстарење, 76 користеле нафта како гориво. Покрај тоа, овие бродови постојано фрлаат отпад, гориво и канализациски смет, директно во океанот.

navidum-bezopasni-sekojdnevni-naviki-so-koi-ja-unishtuvame-planetata-03.jpg

Купување премногу облека

Модната индустрија е еден од најголемите загадувачи во светот и вториот најголем загадувач на водата.

Памукот е најпопуларниот материјал за облека. Проблемот е што за производството на памук за една блуза се потребни околу 2.700 литри вода. Ова е количество што една личност би го пиела 2,5 години.

Синтетичките материјали, како полиестерот, трошат помалку вода, но нивното производство емитува повеќе стакленички гасови.

navidum-bezopasni-sekojdnevni-naviki-so-koi-ja-unishtuvame-planetata-04.jpg

Пуштање вода во тоалет

Можеби звучи грозно, но научниците сметаат дека нема потреба да пуштате вода при секое уринирање.

Истражување од 1999-та покажало дека 27% од водата што ја трошите во денот е поради пуштањето вода во тоалетот. За споредба, перењето зафаќа 22%, а туширањето 17% од водата што ја користите во еден ден.

navidum-bezopasni-sekojdnevni-naviki-so-koi-ja-unishtuvame-planetata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава