Кој е најбогатиот фиктивен лик и колку изнесува неговото богатство?

Сите зборуваме за најбогатите луѓе на светот. Де ќе ги спомнеме Бил Гејтс и Ворен Бафет, де ќе начнеме муабет за Џеф Безос, Марк Закерберг… Но, многу ретко ќе се запрашаме кој е најбогатиот фиктивен лик? И уште поважно, колку „тежи“ неговото богатство?

koj e najbogatiot fiktiven lik i kolku iznesuva negovoto bogatstvo 2

На врвот на списокот се наоѓа Скруџ МекДак, измислен лик од страна на Карл Баркс во 1947 година, првично создаден за компанијата „Волт Дизни“.

Скруџ е постара Шкотска антропоморфна Пекиншка патка со нозе и стапала. Неговиот лик е лесно препознатлив, секогаш носи црвено или сино палто, цилиндар на глава и очила.

Неговото богатство изнесува 65.4 милијарди американски долари во вид на златни парички.

Самиот лик, кој во цртаните филмови зборува со шкотски акцент ужива да нурка во океанот од неговото животно богатство.

koj e najbogatiot fiktiven lik i kolku iznesuva negovoto bogatstvo 3

Скруџ е богат деловен магнат и самопрогласен „авантуристички-капиталист“, чија доминантна карактеристика е неговиот личен напредок и снаодливост.

Тој всушност е чичко на Дела и Доналд Дак. Во неговиот измислен свет се смета за најбогата личност, а истата титула ја добива и во нашиот. Истовремено е и нафтен тајкун, сопственик на рудници и многу бизниси со различни активности.

Но, пред сè неговата самотничка авантура низ четирите страни на светот се мошне инспиративни и мудри. Затоа Скруџ е истовремено истражувач и голем авантурист.

Секоја парчика од неговото богатство му е драга, зашто истата го потсетува на спомените кои ги има доживеано, а не сака никогаш да ги заборави. 

koj e najbogatiot fiktiven lik i kolku iznesuva negovoto bogatstvo 4

Овој лик е познат од анимираната серија DuckTales (1987–1990).

По смртта на Карл Баркс, неговото постоење во вид на стрип го продолжи Дон Роса, а еден од најпознатите фински музичари Томас Холопаинен, основач на групата Nightwish во 2014 година издаде музички албум, насловен Music Inspired by the Life and Times of Scrooge.

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Станал опседнат со крими-серијата Dexter, па почнал да убива: Мрачната приказна за „убиецот Декстер“ Марк Твичер сонувал за кариера во филмската индустрија. Но, истовремено бил опсе...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Станал крал на мал остров во Тихиот Океан: Шведски морепловец е инспирација за таткото на Пипи долги... Швеѓанецот Карл Емил Петерсон завршил на мал остров во Тихиот Океан по бродолом....
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава