39 сопруги и 94 деца – Кои се најголемите семејства во светот?

Како ви звучи да имате речиси 20 деца?

6-te-najgolemi-semejstva-shto-go-impresioniraa-celiot-svet-01.jpg

Возрасните се „програмирани“ да бидат привлекувани од слатките бебешки лица, а изгледа дека на некои луѓе никогаш не им е доста од нив.

Можеби сте слушнале за семејства со 3, 5, па дури и 10 деца, но семејствата во продолжение се многу поголеми од тоа.

Семејството Зиона

Зиона бил роден во Индија, а на 17 години се венчал со неговата прва сопруга.

Овој маж го има едно од најголемите семејства во светот со 39 сопруги и 94 деца.

Секој ден, семејството јаде и до 90 килограми ориз и 60 килограми компири. Тие живеат во зграда со 100 соби, имаат фарма и одгледуваат овошје и зеленчук.

6-te-najgolemi-semejstva-shto-go-impresioniraa-celiot-svet-02.jpg

Семејството Бејтс

Ова е американско семејство со 19 деца.

Родителите Џил и Кели Џо биле во почетокот на 20-ите години кога решиле да се венчаат. Интересно е што никогаш не сакале големо семејство, но откако им се родило првото дете, им се променило мислењето.

Покрај 19-те деца, тие имаат и 10 внуци, а очекуваат 4 „нови“.

6-te-najgolemi-semejstva-shto-go-impresioniraa-celiot-svet-03.jpg

Семејството Хан

Ова е можеби најголемото семејство во Шкотска.

Ема и Рој имаат 13 деца, на возраст од 2 до 25 години. Рој работи како медицинско лице, а Ема се грижи за домаќинството и за децата кои во една недела јадат 21 векна леб, 5 големи кутии житарици и пијат околу 25 литри млеко.

6-te-najgolemi-semejstva-shto-go-impresioniraa-celiot-svet-04.jpg

Семејството Радфорд

Ноел и Сју Радфорд се запознале кога биле деца, а не чекале долго да го започнат семејството. Ноел имал 18, а Сју само 14 години кога го добиле нивното прво дете.

Ова е најголемото семејство во Британија со 21 дете, а Сју е бремена и очекуваат уште едно.

Тие живеат во голема куќа која претходно била дом за стари лица, а родителите имаат и пекара.

6-te-najgolemi-semejstva-shto-go-impresioniraa-celiot-svet-05.jpg

Семејството Дугар

Џим и Мишел се запознале во 1980-та, во Арканзас. Четири години подоцна, 19-годишниот Џим и 17-годишната Мишел се венчале. Сакале да почекаат за семејство, па првото дете го добиле во 1988-ма.

До денес, тие имаат 19 деца, а се баба и дедо на 17 внуци.

6-te-najgolemi-semejstva-shto-go-impresioniraa-celiot-svet-06.jpg

Семејството Бонел

Џени, Рој и нивните 16 деца го сочинуваат едно од најголемите семејства во Австралија.

Џени, која денес има 50-тина години, на почетокот воопшто не сакала деца. Но, нејзиниот сопруг имал други планови.

Покрај 16-те деца, тие имаат и неколку внуци, а според Џени, сите помагаат во домашните обврски.

6-te-najgolemi-semejstva-shto-go-impresioniraa-celiot-svet-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...

Најчитани неделава