„Живеј сама, менувај работни места“ - Совети кои искусните жени би сакале да ги знаат во 20-ите години

Дали сме родени под среќна ѕвезда или пак сме самите креатори на нашата среќа?

zhivej-sama-menuvaj-rabotni-mesta-soveti-koi-iskusnite-zheni-bi-sakale-da-gi-znaat-vo-20-ite-godini-01.jpg

Прашање кое поткренува уште милион други кои вртејќи се во круг, сепак е невозможно да дадат еден универзален одговор.

Едно е сигурно, без оглед во која фаза сте во животот, секогаш постои простор за подобрување.

Без разлика дали тоа е да поминете поквалитетно време со семејството, да свртите нова страница, да започнете да го правите тоа што го сакате, па дури и едноставно да си дозволите повеќе сон.

Но, најважното нешто кое секој човек треба да го совлада е балансирањето на работата со социјалниот живот по 20-тите години, без да се трудите да бидете беспрекорни.

Како што вели една вековна изрека: „Со возраста доаѓа и мудроста“. Колку стануваме постари, толку повеќе искуство добиваме. Со искуството пак, доаѓа огромно знаење од лекциите што сме ги научиле.

Позната писателка ги замоли жените во 40-тите години да опишат каков совет би си дале на самите себеси, доколку би се вратиле назад низ годините.

Предизвик кој навистина привлече големо внимание кај илјадници жени кои решија да одговорат на ова прашање. Овие совети служат за да нѐ потсетат што е навистина важно и вредно во нашите животи и што може лесно да се жртвува.

Во продолжение ги издвојуваме најдобрите: 

„Животот нема да ви испадне онака како што си предвидувавте во 20-тите години, но ќе биде извонреден, неверојатен и ваш.

Негувајте силни и разновидни пријателства. Фокусирајте се на нив, а не на токсичните луѓе.

Имајте хоби кое го сакате само за себе“. 

„Живејте сами некое време. Има толку многу години зад вас и пред вас, каде ќе имате простор за споделување со другите.

Одвојте малку време и научете се да уживате во самотијата и вашиот простор. И да, патувајте повеќе!“

„Остави го по првата лага. Многу жени би се согласиле дека овој совет е често точен.

Нема ништо потоксично од некој што лаже и манипулира. Ако некој ве лаже, тоа не било прв пат и веројатно нема ни да е последен.

Ова се појавува најмногу во романтични врски, но и во пријателства и во разни секојдневни и животни ситуации“.

„Престанете да се обидувате да ги задоволите и израдувате ситe. Само затоа што тие се семејство, не значи дека не можат да бидат токсични“.

„Без оглед на тоа што ви беше кажано секогаш да бидете добра девојка, не можете да ги натерате сите да ве сакаат.

Значи, ако и кога се сведува на избор помеѓу вас (вашиот успех, емоционално здравје, финансиска вредност) и другите: изберете се себеси.

Време е да се откажете од извинување. Вие не сте одговорни за среќата на сите други на штета на вашите сопствени! Бидете си главен приоритет“.

Neshto-koe-vredi-da-se-prochita Vozrasni-zheni-spodeluvaat-shto-bi-se-sovetuvale-samite-sebesi-vo-20-te-godini 02 630x370.jpg

„Уживајте со оние кои се достојни за вашето време. Запомнете дека материјалните работи не ви носат долгорочна среќа.

Бидете претпазливи ако наидете на нестабилни односи дури и во рамките на семејството“.

„Грижете се за себе барем онолку колку што се грижите за сите други во вашиот живот. Вие не сте одговорни за среќата на некој друг, туку единствено на вашата.

Замислете колку може да биде одличен животот и да се чувствувате прекрасно ако се грижите за себе на ист начин како што се грижите за сите други“.

„Само затоа што тој не е грд, не значи дека е вистинскиот за вас. Ценете го вашето оружје и интуицијата затоа што заслужувате најдобро.

Една од најголемите лекции како што старееме е моќта на нашата интуиција.

Таа има можност да ни помогне кога се двоумиме помеѓу две нешта. Дури и најмал интуитивен сомнеж се покажал како вистински“.

„Не двоумете се да смените повеќе работни места или да се преселите. Побарајте повеќе пари. Ценете се себеси.

Вреднувајте го вашиот труд. Никогаш не дозволувајте двоумењето да ве спречи од можниот финансиски раст и зголемувањето на вашата вредност“.

Не ги одложувајте вашите соништа, патувања и планови со оправдувањето: „еден ден“, затоа што никој не ви ветува дека тој „еден ден“ со сигурност ќе се исполни.

Не чекајте смртта на вашите блиски да ве потсети колку се важни моментите. Животот е СЕГА! Не постои идеално време.

Патувајте,без разлика дали сте соло, со група или со пријател. Погледнете го светот, истражете сè што е утврдено. Совршен повод е денес, во овој сегашен момент.

Поминете време со вашите најблиски, бидејќи за жал тие нема да бидат засекогаш околу тука, а ние никогаш не знаеме кога може да ги снема.

И за крај: Забавувајте се. Лудо, неповторливо, како да нема утре. Преживувајте моменти кои подоцна ќе ги раскажувате, со насмевка на лицето и топлина во срцето.

Младоста е една и не се враќа. 

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg