Имајте катче само за себе

imajte-katce-samo-za-sebe-povekjeКога сме заљубени, размислуваме само за тоа како да бидеме заедно. Но, потребно е да се има свој простор, без разлика колку го сакаме партнерот.

 

Вие го обожавате, а тој е луд по вас. Тоа е супер. Уживате кога сте заедно. И тоа е супер. Но, тешко дека ќе ви биде убаво 24 часа дневно да бидете во ист, прилично тесен простор - во недостаток на можност за нешто подобро, бидејќи многумина од нас живеат во мал станбен простор.

imajte-katce-samo-za-sebe

Ако сте постојано затворени во истиот простор, луѓето почнуваат да меѓусебно да си пречат, а тоа нема поврзаност со тоа колку се сакаат или поднесуваат. Добро е да сме свесни за тоа и да се погрижиме да имаме свој простор.

Што се однесува до тоа, колку време и простор ни е потребно, тоа е индивидуална работа.

Има луѓе на кои им е доволно петнаесет минути сами да прошетаат на свеж воздух, а некому му треба значително повеќе време. Колку и да ви треба време, имајте го ова на ум кога  се решавате за заеднички живот со партнерот.

На многумина, кои не можат да бидат почесто заедно, ова им е незамислива  идеја, но само во почетокот.

Подоцна, има повеќе работи кои почнуваат да им пречат, да ги нервираат, па неретко избиваат кавги за ситници. За да не дојде до ова, дозволете си свое катче и свое време.

Што да правите со тоа соло време и каде? Се што сакате, таму каде што сакате (да не претеруваме сега... неморални и незаконски работи не доаѓаат во предвид).

Отидете некаде на прошетка, видете се со пријатели, изгледајте некој филм... Нешто што правите со задоволство, нешто што ќе ви ги наполни батериите, па со саканата личност ќе ви биде уште поубаво.

Би можело да ве интересира:

10 чудни работи што луѓе ги нашле во продавница: „Го купува ли некој ова?“ Дали некогаш сте влегле во продавница, а да се изненадите од некои од предметите...
8 причини зошто животот со смартфон е (многу) полесен, низ илустрации Ако порано сакавме да си купиме облека, немавме избор освен со часови да шетаме ...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...
Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)? „Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година, губеше околу 1...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg