Како секогаш да имате за што да разговарате?

Многупати се имаме најдено во ситуација кога треба да одиме на некој настан, да почнеме да размислуваме како ќе изгледаме и каков впечаток ќе оставиме пред другите. Тоа некако повеќе нè оптоварува од сè друго.

izbegnete g0 molkot kako sekogas da imate stoda kazete 2

Но, речиси никогаш не ни паѓа на ум што ќе споделиме со тие луѓе и дали воопшто имаме нешто паметно да кажеме.

Искуството на сите ни вели дека кога одиме на некоја посебна средба, забава или корпоративен настан, треба и да се подготвиме. Барем да знаеме како да ги пополниме оние простори на молк, кога ниту едната, ниту другата страна знае што да каже.

Оние кои се вешти говорници, сигурно нема да имаат проблем, зошто и од најмала ситница можат да направат спектакуларна приказна.

Што се случува со оние кои несигурно им пристапуваат не странците и непознатите ситуации?

izbegnete g0 molkot kako sekogas da imate stoda kazete 3

Колку и да звучи очигледно, следниот совет е доста важен за да можете да се вклопите во разговор со секоја група – слушнете вести пред да излезете од дома. Сериозно!

Информирајте се за актуелностите што кружат низ светот во последните 24 часа или опфаќаат некоја поголема временска рамка.

Информирајте се за земјотреси, урагани, урнати влади, протести, научни достигнување, штотуку излезени филмови и серии, состојбата на берзата…

Со сите овие информации ќе бидете обезбедени за целовечерен разговор или да се тргне од некаде, а потоа личните искуства и доживувања на светот доаѓаат во преден план.

Кога лесно ќе може да се приклучите во некој разговор, може да бидете сталожени дека нема да тропнете некоја глупост, која ќе направи да се чувствувате непријатно.

izbegnete g0 molkot kako sekogas da imate stoda kazete 4

Од овој момент додека се подготвувате во заднина пуштете го телевизорот или радиото, или додека патувате отворете интернет портали и читајте.

Да знаеш да разговараш на ниво секогаш е поважно од сè она што се наоѓа на тебе.

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава