Жељава - единствениот таен подземен аеродром на Балканот

Област 505, односно подземниот аеродром Жељава во близина на Бихаќ, продолжува да биде главна тема кај теоретичари на заговор. 

Tajnata voena baza i podzemen aerodrom go krijat 01

Тунелот долг 3500m, широк 20m и висок 8m, е најголемиот подземен аеродром на Балканот.

Изградбата на аеродромот започнала во 1955 година, а во 1968 година креацијата на Драгослав Соботка била подготвена за Југославија.

Издвоени се милијарди долари за најскапиот југословенски проект да може да прими дури 120 авиони со екипажи и комплетен арсенал на оружје, како и огромни резерви на гориво, храна, лекови и сè што е потребно за случај на катастрофа.

Со свои извори на електрична енергија и вода, војската би можела да преживее еден месец во изолација од надворешниот свет. Воената тврдина е конструирана да издржи и атомска бомба.

Интересот за Жељава не е намален ниту денес, а љубопитноста е поттикната од опасни тунели полни со токсични и радиоактивни соединенија.

„Houston, we have a problem“, документарниот филм на словенечкиот режисер Жига Вирац ги поддржа мистериите околу Жељава, како една од најголемите теории на заговор на Студената војна и Југославија.

Tajnata voena baza i podzemen aerodrom go krijat 02

Документарецот зборува за тоа како Тито им ја продал југословенската вселенска програма на Американците и дека истото се развивало во тајност во подземјето на аеродромот - за потоа да го испратат првиот човек на Месечината.

Жељава, според оваа теорија, би бил најголемиот скриен вселенски центар во Европа.

НАСА секако ја демантирала приказната нагласувајќи дека истата е апсурдна и дека тогашниот претседател Џон Кенеди не купил ништо од Југославија, а најмалку вселенска програма.

И покрај опасностите од нагазни мини, отровни гасови и полиција, Жељава привлекува авантуристи кои се возат по пистите и влегуваат во тунелите.

Tajnata voena baza i podzemen aerodrom go krijat 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Надреални фотки кои покажуваат колку е чудна природата Сте виделе ли ембрион од пајак? А мравјалник издлабен во дрво или, пак, најголем...
„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Најбогатите наследници на светот – станале милијардери „преку ноќ“ Најбогатиот аристократ од Англија има повеќе пари и од кралот Чарлс, а наследи о...

Најчитани неделава