57 секунди, додека си седнал треба да станеш: најкратките летови со авион во светот

Сте се запрашале ли каде може да летам за помалку од една минута? За повеќето од нас патувањето со авион е асоцијација за долг лет на којшто можеби ќе успеете и малку да отспиете.

Najkratkite-letovi-so-avion-vo-svetot-01.jpg

Но, летовите коишто ќе ви ги презентираме се толку кратки што ни најспособните дремнувачи нема да имаат време дури ни да го качат својот багаж во преградата, а не пак за дремка на овие дестинации.

Вестреј – Папа Вестреј, Шкотска: 57 секунди

Ова е најкраткиот комерцијален лет во светот и е помеѓу двата шкотски острови Вестреј и Папа Вестреј. Растојанието помеѓу двете точки е само 2,7 километри.

Локалните жители, најчесто студенти и професори од Вестреј, патуваат со овој лет бидејќи на островот Папа Вестреј има преку 60 археолошки наоѓалишта и ископини. Летот има само 8 седишта за патниците.

Najkratkite-letovi-so-avion-vo-svetot (1).jpg

Кегата - Апово, Западна Папуа (Индонезија): 73 секунди

Во светот има многу летови коишто поврзуваат оддалечени села и тие вообичаено не може да се најдат на глобалните системи за резервирање на авиобилети. Еден од таквите летови е помеѓу селата Кегата и Апово во Западна Папуа, којшто трае само 73 секунди.

57-sekundi-dodeka-si-sednal-treba-da-stanes-najkratkite-letovi-so-avion-vo-svetot-003.jpg

Киншаса – Бразавил: 30 минути

Овој лет ги поврзува главните градови на Демократска Република Конго (Киншаса) и Република Конго (Бразавил). Растојанието помеѓу двата града е 26 километри и неделно има 6 лета на оваа дестинација.

Иако авионот изгледа како најбрза опција, сепак во овој случај најбргу се стигнува со брод, за само 15 минути.

Najkratkite-letovi-so-avion-vo-svetot (3).jpg

Москва – Калуга: 40 минути

Најкраткиот лет во Русија се смета дека е летот од Москва до Калуга. Летот е од Московскиот аеродром Внуково и трае 40 минути, а покрива растојание од 129 километри. Инаку картата за овој лет е 190 рубљи или 170 денари.

Najkratkite-letovi-so-avion-vo-svetot (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава