5 вештини што можете да ги совладате во секое време

Учењето не запира по напуштање на училиштето. Секој ден се соочуваме со нови предизвици кои бараат учење, без разлика дали тоа е учење на вештини што треба да ги извршиме на работното место или вештини што ќе ни го направат животот поудобен, поздрав и побезбеден. 

5 vestini sto mozete da gi sovladate vo sekoe vreme 01

Способност на поединецот поуспешно да изврши некоја задача се стекнува преку вежбање.

Но, за навистина да совладаме нешто ново, потребно е да бидеме љубопитни.

Ова се неколку вештините што секој од нас може да ги совлада во секое време, а можат да ви го збогатат животот и искуството:

1. Јавно говорење

Иако јавно говорење обично се предава како курс на факултети кои вклучуваат професии што вклучуваат јавни настапи, како што се професори, правници или претприемачи, скоро секој од нас доаѓа во ситуација барем еднаш во својот живот да мора да одржи предавање или презентација.

Совладување на основите на јавно говорење може многу да помогне.

Постојат бројни прирачници и курсеви за ова, но најважно е дека секогаш треба да бидете подготвени навреме, да направите кратки белешки, да ја адаптирате содржината на публиката на која ѝ се обраќате, да имате вовед, централен дел од говорот и заклучок.

2. Основи за уредување на фотографии

Една од вештините што редовно се бараат на интервјуа за работа се основи за уредување на фотографии преку компјутерски програми.

Но тоа е, исто така, вештина што може да биде од голема корист во нашите секојдневни животи, без разлика дали се работи за уредување фотографии за социјалните мрежи или уредување со цел да ги испечатите омилените слики.

3. Учење нов јазик

Познатата поговорка вели дека човекот вреди онолку колку што зборува јазици.

Иако многу наставници предложуваат учење на странски јазик уште од четиригодишна возраст, никогаш не е доцна да научите друг јазик.

Дали ќе посетувате курсеви или ќе користите онлајн апликации, зависи од вас.

4.Самоодбрана

Додека некои вештини ни помагаат во нашето работно опкружување, други можат да ни го спасат животот. Буквално. Една од нив е самоодбрана.

Секоја жена треба да ги совлада основите на самоодбрана, кои вклучуваат спречување на напади, одбрана од удари, одбрана од обид за силување и киднапирање, употреба на предмети за самоодбрана, учење како да се размислува во стресни ситуации и користење вербална и невербална комуникација за превенција од напад.

5 vestini sto mozete da gi sovladate vo sekoe vreme 02

5. Почитување на себеси

Ова се учи и со право може да се нарече вештина. Секогаш имајте на ум дека вие сте најважната личност за себе. Никогаш не знаете кога другите ќе го напуштат вашиот живот, но секогаш ќе се имате себеси.

Затоа, почитувајте се и никогаш не барајте ништо помалку отколку што заслужувате.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава