Свет без луѓе: Што ќе се случува со текот на годините ако исчезнеме од планетата?

Колку што ни кажува науката, Земјата постои околу 4,5 милијарди години, а луѓето ја нарекуваат свој дом 200 илјади години. 

svet-bez-luge-sto-ke-se-sluci-ako-iscezneme-001.jpg

Затоа е логично да се тврди дека нашата планета постоела и еволуирала пред нас, и ќе продолжи да го прави тоа ако и кога луѓето би исчезнале.

Што мислите, како би изгледал светот кога луѓето би исчезнале?

По неколку часа

Кога луѓето би исчезнале за брзо време би се почувствувал овој ефект во светот. За само неколку часа би се случиле шокантни промени, а планетата каква што ја знаеме би се сменила засекогаш.

Бидејќи повеќето електрани низ целиот свет се напојуваат со фосилни горива, електричната енергија низ целиот свет ќе ја снема. Ова значи дека сите светла и машини едноставно ќе бидат изгаснати, а светот ќе биде затемнет.

По неколку дена

По 48 саати би се исклучиле и соларните панели. Миленичињата би започнале да гладуваат и умираат од дехидрација, бидејќи не се адаптирани да преживеат сами.

По неколку недели

Некои животински видови што луѓето ги „дизајнирале“, како булдози, ќе исчезнат веднаш по луѓето. Големите кучиња, благодарение на нивните инстинкти за преживување, би почнале да формираат големи пактови и би почнале да ловат помали животни во потрага по храна.

Сите припитомени животни би станале плен за постојниот животински свет. За неколку недели, бројни животни од зоолошки градини веројатно ќе избегаат и набрзо ќе станат предатори како и нивните предци.

Svet bez luge Sto ke se sluci ako iscezneme 02

По еден месец

Водата што помага да се ладат многу нуклеарни централи ширум светот ќе испари, предизвикувајќи разорни нуклеарни експлозии. Милиони животни и растенија ќе умрат од зрачење или рак предизвикан од овие експлозии.

Системите за канализација, исто така, би престанале да работат, а по акумулирањето на прекумерни количини без регулатива, целата содржина ќе се влее во реките и езерата, што ќе уништи цел екосистем.

Индустриите за производство на хемикалии и гасови исто така ќе започнат да влијаат врз животната средина, бидејќи хемикалиите ќе бидат пуштени во атмосферата, додека природниот гас би предизвикал пожари што би траеле со денови.

После една година

По една година Земјата ќе започне да се „само-обликува“ затоа што нема никој да ја контролира или моделира. За среќа, планетата ќе може да заздрави од сите нуклеарни, хемиски и слични катастрофи прилично брзо.

Една година по исчезнувањето на луѓето, сателитите би почнале да паѓаат од небото, создавајќи спектакл кој би личел на дожд од метеори.

Svet bez luge Sto ke se sluci ako iscezneme 04

25 години подоцна

Без луѓето и нивното мутирање на гени на растенија, истите би пораснале поголеми, а некои видови би изумреле. Растенијата би ги зафатиле градовите кои би биле преплавени со диви животи.

10.000 години подоцна

Сите градови и секој можен потсетник за човековото постоење ќе исчезнат, освен неколку камени структури. Се претпоставува дека само пирамидите, Големиот Ѕид во Кина и планината Рушмор ќе бидат доказ дека некогаш тука живееле луѓе.

50 милиони години подоцна

Единствената работа поврзана со луѓето би била фосилизирана пластика што би можела да ги збуни вонземјаните, доколку се најдат на Земјата. Ќе бидат потребни уште 50 милиони години за планетата да се ослободи од пластиката и последната трага од човековото постоење.

Svet bez luge Sto ke se sluci ako iscezneme 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава