По стапките на љубовта до тронот на Османлиската империја - која е Хурем Султан?

Веројатно не постои некој кој досега не чул за највлијателната жена во Османлиската империја, Хасеки Хурем Султана или Рокселана.

Po-stapkite-na-ljubovta-do-tronot-na-Osmanliskata-imperija-koja-e-Hurem-Sultan 01 630x340.jpg

Судејќи според некои извори, Хурем по своето раѓање го добила името Александра (или Анастасија), но овој податок како и околностите под кои таа ја напуштила својата земја сè уште не се утврдени.

Кога дошла на свет во својата родна Русија, односно територијата на денешна Украина во 1506 година, малкумина можеле да помислат дека еден ден ќе го има животот што таа подоцна го имала, живот за кој се зборува и пишува векови подоцна.

Александра била ќерка на свештеник од Русија и на свои 17 години била заробена и однесена во Истанбул.

Таму таа била откупена од големиот везир Ибрахим Паша и била доставена во харемот на Султанот.

Харемот на Величествениот Султан Сулејман се состоел од 300 робинки, секоја од нив со иста цел: Да „допре“ до срцето на Султанот.

После некое време, Рокселана станала наложница и омилената робинка која се искачила на престолот на Сулејман Први.

Галина Јермоленко, познат историчар и истражувач, вели: „Раѓањето на Рокселана, во Османлискиот империјален харем може да се спореди со сјајот на метеор или светла комета во мракот на ноќта“.

Po-stapkite-na-ljubovta-do-tronot-na-Osmanliskata-imperija-koja-e-Hurem-Sultan 02 630x380.jpg

По својата ведрина и весела природа таа го добила прекарот Хурем.

Таа не располагала со впечатливо голема убавина, колку што се издвојувала од толпата заради својата светлоцрвена коса и својата уникатна харизма.

Рокселана станува муслиманка која умее да чита, пишува, шие, плете, пее, танцува, свири и владее со еротски вештини.

По природа борбена, вешта и секогаш подготвена на манипулации со луѓето кои од неа чекале само една грешка за да ја уништат.

Исто така била интелигентна и паметна жена, а својата итрина и мудрост знаела да ги искористи на најдобар можен начин.

Нејзината цел станува реалност, таа невозможното успева да го претвори во возможно.

Што се однесува до амбициите, интригите во Палатата, влијанијата врз Султанот и врз државните работи - сето тоа останува предмет на историчарите.

Ако се потпреме на теориите и легендите, Рокселана (или Хасеки Хурем Султан) била сурова и пресметлива жена, способна да ги елиминира несаканите луѓе, без разлика на последиците.

Нејзиниот живот бил вистинска борба за љубовта кон Султанот. За брзо време Хурем од обична робинка станала миленичка на Сулејман.

Многумина ја нарекувале вештерка, но нејзиниот шарм со кој го маѓепсала Величествениот бил оружјето кое ниедна друга робинка не умеела да го искористи, како што знаела таа.

Султанот бил подготвен да жртвува сè за неа. 

po-stapkite-na-ljubovta-do-tronot-na-osmanliskata-imperija-koja-e-hurem-sultan-006.jpg

Честопати Хурем интервенирала во работите на самата Отоманска држава. Таа била првата жена - советник на големиот Величествен владател.

На нејзина наредба биле подигнати голем број џамии, едно училиште и болница.

Поради неа, Сулејман сè повеќе ја запоставува својата прва сопруга, Махидевран. Ривалството помеѓу Махидевран и Хурем трае долго, за на крајот Хурем да стане првата Хасеки Султан.

po-stapkite-na-ljubovta-do-tronot-na-osmanliskata-imperija-koja-e-hurem-sultan-005.jpg

Во 1521 година, Хурем го носи на свет Мехмед, а по него единствената ќерка Михримах. Две години подоцна, се раѓа синот Селим, а во 1525 година Бајазит.

Околу 1531 година за последен пат станува мајка раѓајќи момче кое го добива името Џихангир, кој имал проблем со нозете па не можел да претендира за престолот.

Султан Сулејман Први направил нешто што никогаш претходно не се случило, од самото настанување на империјата: Тој се оженил со својата најголема љубов. 

Свадбата се случила во 1530 година.

Убиствата на големиот везир, Ибрахим-паша и Мустафа, единствениот син на Махидевран и Сулејман, според многумина се сметало дека се дела на Рокселана, и покрај тоа што за тоа нема никакви докази.

Во 1543-та починал нивниот прв син, Мехмед, а во 1553 година починал и Џихангир, кој не можел да го преболи убиството на својот полубрат Мустафа.

Така на Рокселана ѝ останале уште ќерката Михримах, 22 годишниот Селим, кој бил пијаница и 21 годишниот амбициозен Бајазит, кој според карактерот личел на својот татко.

Во последните години од својот живот Рокселана постојано се обидувала да го смири ривалството меѓу нејзините два сина.

Бидејќи починала во 1558 година, таа не доживеала да го види конфликтот меѓу Бајазит и нејзиниот сопруг Сулејман против кој бил организиран бунт.

Побуната не успеала и Бајазит заедно со своите четири синови биле погубени. 

По смртта на Хурем која не можела да ја победи болеста, во неговиот живот не стапнала друга жена.

Тој наредил да биде погребен до неа, во Сулејмановата џамија во Истанбул.

Оваа извонредна љубовна приказна, како и за владеењето на Султан Сулејман и сите интриги и борби за престол се преточени во извонредната серија „Сулејман Величествениот“, која кај нас започна да се емитува во 2012-та.

Потврдено е дека серијата ја гледале повеќе од 200.000.000 луѓе од целиот свет.

po-stapkite-na-ljubovta-do-tronot-na-osmanliskata-imperija-koja-e-hurem-sultan-007.jpg

За крај, ви издвојуваме неколку од љубовните стихови кои Сулејман ги пишувал само за својата единствена Хурем Султанија:

„Животе мој, мое рајско вино. Пролет моја, радост во денот.

Еј, моја насмеана ружо..

Мојот Истанбул, мојот Караман, земјата на мојата Анадолија.

Мојот Бадахшан, мојот Багдад и Хорасан..

Мој разум, господарка, моја тајна, совет мој. Султанијо, Царице, Владетелке, срце на мојот свет.

Престолот на мојата осамена душа, моето богатство, мојата љубов, мојата месечина.

Мојот најискрен пријател, причината за моето постоење, мојата Султанија, мојата љубов“.

Po-stapkite-na-ljubovta-do-tronot-na-Osmanliskata-imperija-koja-e-Hurem-Sultan 06 630x380.jpg

По смртта на Хурем:

„Како да се изрази оваа болна љубов?

Невозможно е да се објасни, да се каже...

И докторот мелем да ми даде, оваа болка е таква што душата нема да ја издржи.

Тагувам од зори до зајдисонце, сѐ до мојот суден ден“.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Ја нарекувале „маж во здолниште“, била советник на 2 султани: Детали за животот на Михримах Султан, ... Во историските записи никогаш не била опишана како убава, туку како многу амбици...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg