И тоа е можно - Познати парови кои се заедно уште од средно

Иако познатите личности и стабилните врски и бракови најчесто не одат заедно, во овој свет постојат и долги и среќни бракови.

i-toa-e-mozno-poznati-mazi-koi-gi-sakaat-svoite-zeni-uste-od-sredno-uciliste-01.jpg

Меѓу другото, овие познати личности, спортисти и пејачи ги запознале своите девојки уште во средно училиште, а се сакаат и денес.

Ова се познатите парови кои се заедно уште од средно:

Џон Бон Џови и Доротеа Харли

Двојката се запознала во средно училиште, а се венчале во тајност во 1989 година. За време на една посета во Лос Анџелес, за време на турнејата во неговиот бенд, пејачот ја однел својата девојка од средно училиште во Лас Вегас каде се земале. Заедно имаат четири деца - ќерка и три сина.

Poznati mazi koi gi sakaat svoite zeni uste od sredno uciliste 01

Боно и Али Стјуарт

Популарниот пејач на U2 ја запознал својата идна сопруга, Али Стјуарт, кога двајцата оделе во исто училиште во Даблин.

Се земале во 1982 година, кога Боно имал 22, а Али 21 година. Нивната приказна трае до денес, а заедно имаат четири деца.

Poznati mazi koi gi sakaat svoite zeni uste od sredno uciliste 02

Леброн Џејмс и Савана Бринсон

Американски кошаркар и неговата сопруга оделе во исто средно училиште во Акрон, Охајо. Својата врска ја крунисаа со брак во 2013 година. Имаат три деца.

Poznati mazi koi gi sakaat svoite zeni uste od sredno uciliste 03

Џеф Даниелс и Кетлин Треадо

Американскиот актер, познат по улогата во комедијата Dumb and Dumber, ја запознал сопругата во средно училиште во Мичиген. Се венчале во 1979 година, кога актерот имал 24 години. Имаат три деца.

Poznati mazi koi gi sakaat svoite zeni uste od sredno uciliste 04

Рон Хауард и Шерил Алеј

Познатиот режисер, кој освои Оскар за филмот „A Beautiful Mind“, меѓу другото, се сретнал со сопругата во средно училиште. Нивната љубов ја крунисале со брак во 1975 година, кога тој имал 21, а таа 22 години. Имаат четири деца.

Poznati mazi koi gi sakaat svoite zeni uste od sredno uciliste 05

Снуп Дог и Шанте Тејлор

Овој пар е доказ дека секоја врска има свои добри и лоши фази. Снуп Дог ја запознал својата сопруга во средно училиште. Се венчале во 1997 година, а потоа се разделија во 2004 година. Сепак, во 2008 решија да се обидат уште еднаш и ги обновија своите завети. Имаат три деца.

Poznati mazi koi gi sakaat svoite zeni uste od sredno uciliste 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...

Најчитани неделава