„Оној што ги сака коњите, силно интуитивен“ - каква симболика крие името Филип?

Името Филип потекнува од грчкиот збор „Philippos“ што значи љубител (пријател) на коњите. Оригиналната форма на името е: Φίλιππος. Детално објаснето значење на името: „оној кој сака коњи“, од φιλέω - сака, љуби и ἵππος - коњ.

Kakva-simbolika-krie-imeto-Filip-01.jpg

Ова име е популарно на сите јазици во христијанската цивилизација, вообичаено името Филип се поврзува со апостолот Филип. Притоа треба да се знае дека има двајца апостоли со тоа име, едниот е апостол од дванаесетте, а вториот е од 70-те апостоли, којшто бил и ѓакон.

Најраниот познат Филип бил кралот на Македонија, татко на Александар Велики и неколку други владетели на античка Македонија.

Од Франција пак, каде што името Филип го носеле неколку средновековни кралеви, истото се раширило низ Западна Европа.

Името Филип е особено популарно во Македонија, Србија и Хрватска и речиси секогаш е во првите 10 најпопуларни машки имиња во регионот.

Доколку го носите името Филип, вие имате моќ на изразување, било да зборувате или пишувате. Особено сте надарени за учење и истражување. Вие сте умни, конкретни, вистински интелектуалци. Силно интуитивни сте и најверојатно покажувате афинитети кон уметност, драма или наука.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава