Зошто треба да поминувате време во природа, дури и во студените, зимски денови?

Иако ова може да звучи очигледно, новите истражувања и анализи потврдија дека сонцето е далеку најзначајниот фактор што влијае на менталното здравје. 

Zosto e korisno da se bide vo priroda duri i koga e studeno 01

Сепак, времето се менува од ден на ден и невозможно е секој ден да бидеме изложени на сонце. Што да направите кога е облачно и студено?

Зошто е добро да бидете во природа дури и кога надвор е студено?

Ќе бидете посреќни

Нашите мозоци ја ценат природата и зимската глетка е неверојатна: планински врвови со снег, облаци кои го зафаќаат небото и сл. Времето во природата може да ве смири, дури и гледањето фотографии на природа може да има одредено влијание.

Значи, ако не можете да излезете од куќата, барем опкружете се со убави слики од природата.

Помала веројатност за настинка

Само 20 минути прошетка на студено време може да ви помогне во зајакнувањето на вашиот имунолошки систем. Брза прошетка од 45 минути петпати неделно, исто така, се покажа дека го намалува ризикот од настинка за една третина.

Повеќето истражувачи се согласуваат дека главната причина поради која се разболуваме во зима е затоа што сме ограничени на простор со други луѓе, кои лесно можат да ни пренесат бактерии.

Zosto e korisno da se bide vo priroda duri i koga e studeno 02

Ќе изгубите повеќе калории

Природата ве охрабрува да бидете поактивни, без разлика дали се работи за  скијање или шетање на кучето. Вежбањето и изложеноста на природата се комплементарни.

На пример, вежбањето може да го подобри вашето расположение уште повеќе кога го правите во природа. Ладното време, исто така, може да ви помогне да согорите повеќе калории, бидејќи вашето тело треба да работи посилно за да ја задржи топлината.

Ќе имате повеќе енергија

Пред да пиете друга шолја кафе, размислете за брза прошетка. Поминување време во преполн трговски центар или зафатена канцеларија подолг временски период може да ви го задуши мозокот, што резултира во ментален замор и недостаток на фокус.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат време во природа се многу подобри во когнитивни задачи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава