Што треба да направите навечер за да заспиете полесно?

И покрај разните истражувања, сè уште нема дефинитивен одговор на прашањето што е клучно за да може полесно да заспиете навечер, бидејќи се сведува на индивидуални искуства. Сепак, постои едно потенцијално решение што не може да ви наштети.

Eve sto treba da napravite navecer za da zaspiete polesno 01

Сте слушнале со сигурност дека пред да заспиете не треба да гледате во екрани - телевизор, телефон, лаптоп.

Резултатите од едно ново истражување покажаа дека топлата бања еден или два часа пред спиење ни помага полесно да заспиеме. Топлата вода ги релаксира мускулите и нè смирува, но исто така му помага на телото да ја подигне својата основна температура.

Кога ќе излезете од кадата, ненадеен пад на вашата температура ќе ѝ сигнализира на ананалната жлезда да започне со секреција на мелатонин, хормон кој игра клучна улога во дневниот циклус на активности на телото и одморање на организмот.

Туширање пред спиење не е еквивалент на топлата бања - таа ве опушта многу повеќе и за време на која можете дури и да се посветите на пократки вежби за медитација и дишење.

Eve sto treba da napravite navecer za da zaspiete polesno 02

Намалувањето на телесната температура сигурно ќе ни помогне да заспиеме и ова е една од причините зошто се препорачува спиење во малку поладни простории.

Кога температурата на телото се крева истото му сигнализира на телото дека е во состојба на активност, што може да го наруши вашиот циркадијански ритам. Секако вреди да го испробате ова уште вечерва.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Тргнала на пат низ Америка со свршеникот, но тој ја убил и се вратил дома: Трагичната судбина на Габ... Габи Петито тргнала на патување од сништата со нејзиниот свршеник – сакале да ја...
„Живеам во најстудениот град во светот – училиштата работат и на -50˚C, храната е 3 пати поскапа“ Јакутск важи за најстудениот поголем град во светот и овде просечната температур...

Најчитани неделава