Не сите треба да изгледаме како од ист калап: 10 девојки со уникатна, необична убавина – I дел

Melvnin

Би Мелвнин е модел од Гамбија и нејзиниот неверојатен изглед привлекува огромно внимание. Нејзината многу темна кожа изгледа апсолутно прекрасно во комбинација со сребрено белата коса (иако станува збор за перика, нејзината природна боја на косата е црна). Таа има над 440.000 следбеници на својот Инстаграм профил.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (6).jpg

Nikia Phoenix

Пегите на лицето на Никиа се појавиле на 4-годишна возраст и отпрвин таа мислела дека нема ништо необично во тоа, бидејќи голем дел од нејзиното семејство имале пеги.

Но, кога тргнала во училиште целиот концепт за убавина ѝ се сменил бидејќи била прилично многу малтретирана и исмејувана во врска со нејзиниот изглед. 

Сепак, по кариерата на успешен модел конечно ги прифатила своите пеги како дел од себе, прекрасно и уникатно.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (7).jpg

Cassandra Naud

Касандра Науд е актерка, танчарка и позната јавна личност родена и израсната во Форт Мекмареј, Алберта, Канада. 

Таа се родила со пигментиран дел од кожата на лицето веднаш по десното око, но нема намера да се ослободи од него со помош на пластична хирургија бидејќи според неа – нема што да се „поправи“.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (8).jpg

Moffy Hardy

23-годишниот британски модел е препознатлива по својот страбизам на очите и борбата против утврдените норми во светот на модната индустрија и убавината.

Мофи верува дека секоја девојка може да ги претвори своите „маани“ во предности и да станат дел од нивниот препознатлив идентитет.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (9).jpg

Duckie Thot

Даки е австралиски модел која заврши на третото место во осмиот циклус на Australia’s Next Top Model и го направи своето деби на ревијата на Yeezy S/S. 

Даки Тот е заштитно лице на брендот Фенти Бјути на Ријана. На неа едноставно ѝ дошло преку глава да биде единствената црна жена каде и да се појави, па решила да направи мала револуција во светот на модната индустрија, особено во Австралија.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (10).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава