Не сите треба да изгледаме како од ист калап: 10 девојки со уникатна, необична убавина – I дел

Водејќи се по денешните „стандарди за убавина“ очигледно сите треба да имаме тенка половина, големи колкови, долги нозе, порцеланско лице, долга коса, полни усни, густи, волуменозни трепки…

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina-01.jpg

Но, овие 10 девојки едноставно не се вклопуваат во утврдениот шаблон за убавина, а секоја е прекрасна на свој начин.

На крајот од денот, убавината е субјективна и е во очите на набљудувачот. И навистина – секој е убав на свој начин.

Погледнете ги следните 10 девојки со нетипична, уникатна убавина:

Tsunaina

Тибетската манекенка Цунаина има уникатен изглед – прекрасно закосени очи, полни усни порцеланска кожа, силно изразена вилица невообичаено структуриран мост на носот и симпатични пеги на лицето „расфрлани“ како некое соѕвездие. Дефиниција за уникатна убавина.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (1).jpg

Sophia Hadjipanteli

Загрижени сте бидејќи ви штрчи некое влакненце на веѓите? Ова секако не ѝ претставува грижа на 22-годишниот модел Софија Хаџипантели која едноставно престанала да ги средува веѓите и дозволила слободно да растат додека практично не се спојат.

И покрај многуте негативни коментари коишто ги добива онлајн, сепак многу поголемо е движењето коешто го започнала, #unibrowmovement.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (2).jpg

Mehlani Alexia

Малечката Мелани Алексија го има т.н. синдром Аксенфелд-Ригер, ретко генетско нарушување кое влијае врз развојот на очите.

Мелани изгледа како девојче излезено од слика со огромни очиња, бидејќи кај оваа состојба ирисот може да биде многу мал, речиси невидлив или со необична форма.

Таа имала операција на само 5 години со цел да не остане слепа и денес е во одлична здравствена состојба со неодоливо огромни очи.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (3).jpg

Molly Bair

Со својата висина од 183 сантиметри, 22-годишниот американски модел не запира да ја освојува индустријата.

Моли Бер има затворено неколку ревии чекорејќи во невестински фустани, задача што вообичаено е резервирана за манекенките со „стандардна“ убавина.

И покрај коментарите дека има предолги нозе и „гоблинска“ убавина, таа не престанува да ги руши стереотипите за тоа што е убаво.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (4).jpg

Nastya Zhidkova

Рускиот албино модел е родена во Москва која ја стекна славата под професионалното алијас име Кикер Чан, како што се потпишува и на Инстаграм.

Настја е препознатлива по својата етерична и деликатна убавина и потсетува на подвижно уметничко дело.

10-devojki-so-unikatna-neobicna-ubavina (5).jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава