Зошто е Њујорк познат и како „Големото јаболко“?

Повеќето големи градови имаат прекари - Париз е познат како „Градот на светлината“, многумина го нарекуваат Рим „Вечниот град“, а честопати слушаме како луѓето велат „Големото јаболко“ наместо Њујорк. 

zoshto-njujork-e-poznat-i-kako-golemoto-jabolko-01.jpg

Прашањето е - зошто оваа американска метропола го добила овој прекар? Бидејќи, Њујорк баш и не е познат по своите овоштарници.

Според легендата, сè започнало со Џон Фицџералд, известувач за Morning Telegraph, задолжен за трки на коњи.

Во 20-тите години, Њујорк бил познат по своите престижни трки, но повеќето од коњите потекнувале од Њу Орлеанс и околната област. Кога во една прилика ја посетил шталата на тимот од тој град, Џон слушнал разговор помеѓу двајца членови, кои го опишале Њујорк како „големото јаболко на коњичкиот спорт“.

На Џон многу му се допаднало ова име, па решил понекогаш да го нарекува Њујорк „Големото јаболко“ во неговите неделни колумни.

Овој прекар наскоро почнале да го користат и џез-музичарите. Постоел дури и џез клуб наречен „Големото јаболко“ во Харлем во 30-тите години. Сепак, со децении, малкумина го користеле овој прекар.

Zosto e Njujork poznat I kako Golemoto jabolko 02

За време на турбулентните 70-ти години, кога во градот се забележал голем пораст на криминал, неговите посетители повеќе би го опишале како „расипано“ отколку „големо јаболко“.

Во такво време, еден човек решил да го промени имиџот на градот и да го врати неговиот стар сјај. Тоа бил Чарлс Жилет, директор на Њујоршката туристичка организација.

Тој исто така бил голем обожавател на џез музиката, а името што го користеле музичарите било совршено за неговата кампања за промовирање на градот.

Zosto e Njujork poznat I kako Golemoto jabolko 01

Кампањата била и повеќе од успешна, па наскоро „Големото јаболко“ повторно стана прекар на Њујорк, а така остана и денес.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава