Каква мајка е кралицата Елизабета?

Мислевте дека е тешко да се справите со вашата мајка? Тогаш замислете како би било да сте дете на кралицата Елизабета.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-01.JPG

За принцовите Чарлс, Ендру и Едвард, и принцезата Ен сигурно не било лесно да ја делат мајка им со целата држава.

За ситуацијата да биде уште покомплицирана, кога кралицата Елизабета ги добила Чарлс и Ен, била во нејзините 20-ти и во ситуација кога морала да ги стави круната и државата пред сè.

Ендру и Едвард имале поголема среќа што се родиле подоцна, кога Елизабета веќе ја научила улогата на кралица и мајка.

Во продолжение погледнете како навистина изгледа да бидете дете на кралица:

Некогаш била отсутна со месеци

Вo текот на долгогодишното владеење, Елизабета често одела на долги патувања. Но, изгледа ништо нема да ја замени турнејата во 1953-та.

Во текот на шест месеци, кралицата посетила 13 држави, додека 3-годишниот Чарлс и уште помладата Ен останале дома.

Кралицата често ги оставала Ен и Чарлс и кога го посетувала Филип во Малта – период што го опишува како најсреќниот во нејзиниот живот.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-02.JPG

За Чарлс и Ен најмногу се грижеле дадилките

Иако кралицата била радосна што е мајка, принцот Чарлс има изјавено дека дадилките се оние кои се грижеле за него.

Тие го казнувале, тие го наградувале, па дури и тие сведочеле на неговите први чекори.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-03.JPG

Свесна е дека најстариот син нема да си ја исполни судбината додека е жива

Чарлс целиот свој живот чека да седне на тронот. Чекањето трае повеќе од половина век, па Чарлс стана принцот со најдолг „стаж“ во историјата.

Кралицата е свесна дека тој нема да го наследи тронот сè до нејзината смрт, па сигурно не е лесно да се живее со ова сознание. Сепак, Елизабета знае како би изгледало неговото владеење, најмногу бидејќи е испланиран цел протокол.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-04.JPG

Има омилено дете

Луѓето сметат дека принцот Ендру помина лесно по скандалот со Џефри Епстајн, само затоа што ѝ е омиленото дете на кралицата.

Веројатно причината е што Едвард е роден кога Елизабета веќе била искусна кралица и можела да му посвети повеќе внимание. Всушност, таа земала 18 месеци „породилно отсуство“ по раѓањето на Ендру и се грижела за него. Ова е луксуз што го немала по раѓањето на Чарлс и Ен.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-05.JPG

Не им дозволува да јадат лук

Ако може да му се верува на Дарен Мекгарди, еден од поранешните готвачи на кралицата, целото кралско семејство не смее да јаде лук.

Причината се бројните јавни настани и должности кои се дел од нивното секојдневие.

Дури и Камила го потврди ова:

„Мразам да го кажам ова, но лукот е забранет.“

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-06.JPG

Често го оставала принцот Чарлс сам во училиштето 

Обидувајќи се да го „зајакне“, Филип го запишал Чарлс во строгото училиште Gordonstoun во Шкотска. Овде, учениците го започнувале денот со туширање со студена вода.

Кога во 1957-ма Чарлс добил грип, кралицата наместо да го посети, му напишала писмо, а потоа тргнала на турнеја во Канада.

Истото се повторило и 4 години подоцна – Чарлс повторно бил болен, но кралицата останала во Индија, наместо да се грижи за него.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg