Дали траумите од детството влијаат на нашиот живот?

За што размислувате кога ќе помислите на вашето детство?

Dali traumite od detstvoto vlijaat na nasiot zivot 01

Бескрајна среќа додека скокате во кал или игра со вашите браќа и сестри? Или сте едни од оние кои немаат добри сеќавања на своето детство, бидејќи во овие мемории живеат мрачни демони што научивме да ги потиснеме како возрасни. 

Што мислите, дали и како траумите од детството влијаат на нашиот живот?

Што е сложена траума?

Кога мислиме на траума, честопати размислуваме за важни настани што ни го менуваат животот. Мислиме на грозоморните случаи на сексуално насилство, сообраќајни несреќи, природни непогоди и војна - настани што го делат животот во „пред“ и „после“.

Она за што не размислуваме или зборуваме се нарекува комплексна траума. Тоа е искуство од детството што го нарушува квалитетот на животот во зрелоста.

Комплексната траума е многу тешко да се дијагностицира, опише и именува. Може да се појави како чувство на недоверба и осаменост што станува дел од меѓучовечките односи, дури и кога станува збор за луѓе кои нѐ сакаат.

Dali traumite od detstvoto vlijaat na nasiot zivot 02

Како сложената траума од детството може да влијае на некоја личност во зрелоста:

Хронични заболувања

Траумата може да остави белег на телото, придонесувајќи за развој на хронични болести. Траумата од детството, особено ако била поврзана со сексуална експлоатација, е поврзана со повисоки стапки на дебелина и алкохолизам, како и хронични главоболки.

Сексуалност

Растење во безбедно опкружување и со многу љубов што децата ја добиваат од своите најблиски е основа за да го прифатите вашето тело на здрав начин. Неуспехот да се стори тоа доведува до несигурност, така што човекот не може да има добар однос со себе или квалитетни односи со другите.

Доживување на време и простор

Како се сеќавате на минатото? Дали имате планови за иднината? Сите носиме багаж и стравови, но луѓето кои доживеале трауми како деца буквално имаат дупки во нивната меморија и не прават планови за иднината.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава