Познати милионери кои не сакаат луксуз и живеат „обичен“ живот

Сите го поврзуваме богатството со огромни куќи, луксузни ресторани и скапа брендирана облека.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-01.JPG

За повеќето милионери, ова е вистина. Но, постојат и оние кои и покрај огромното богатство, сепак се обидуваат да живеат што е можно „пообичен“ живот, речиси ист како нашиот.

Без разлика која е причината зад оваа нивна одлука, во светот постојат милионери кои внимаваат како ги трошат парите.

Во продолжение прочитајте за десет од нив:

Адел

Адел, која е огромна музичка ѕвезда, па дури има срушено и три светски рекорди, живее многу едноставен живот.

Освен за важните настани, пејачката не носи скапа облека и речиси никогаш не се фали со каков било луксуз.

Адел сега има и синче, од поранешниот сопруг Сајмон Конеки, а работи и на нова музика.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-02.JPG

Тајра Бенкс

Тајра е поранешен супермодел и основач на „America’s Next Top Model“. И покрај сиот успех, таа се обидува да живее скромно.

„Го прашувам сметководителот дали можам да си дозволам нешто, и тој ми се чуди“ – има изјавено Тајра.

Таа смета дека е сосема во ред да купи храна од најблискиот евтин ресторан, а има споделено дека ѝ се случува да ги земе бесплатните шампони и сапуни од хотелите во кои отседнува.

Многумина ја осудуваат за овој начин на живот, но таа го има секое право да одлучува што ќе прави со нејзините пари.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-03.JPG

Ештон Кучер и Мила Кунис

Ештон и Мила знаат како паметно да ги трошат нивните пари.

И двајцата пораснале во сиромаштија и поради ова добро знаат колку вредат парите. Уште поинтересно е што се обидуваат да ги научат и нивните деца на ова.

Наводно, парите што би требало да ги наследат нивните деца, ќе завршат кај добротворни организации.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-04.JPG

Кристен Бел и Дакс Шепард

Актерката и нејзиниот сопруг се познати по нивната скромност.

Знаевте ли дека иако имаат богатство од околу 18 милиони, тие потрошиле само 140 долари за нивната венчавка?

Кристен многупати има изјавено дека со сопругот воопшто не се срамат за нивната скромност.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-05.JPG

Тоби Мегвајер

Тоби е најдобро познат по улогата на Спајдермен, но пред да стане познатиот суперхерој, актерот живеел во сиромаштија.

Тој пораснал во многу сиромашно семејство, а влијанието на сиромаштијата останало и до денес. Па, иако Тоби има милиони, тој живее на мал имот и најчесто ги инвестира неговите пари на берза.

Тоби има изјавено дека не сака да ги потроши сите пари додека е млад, па да мора да моли за улога во староста.

Тоби сака секогаш да има доволно пари за него и неговите деца.

poznati-milioneri-koi-ne-sakaat-luksuz-i-zhiveat-obichen-zhivot-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава