Пет типа на пријатели што му се потребни на секој маж

Просечна личност во текот на животот остварува околу 150 пријателства. Во оваа бројка се вклучени соседи, љубовници и блиски пријатели. Основата на овој голем круг на познаници се заснова на моделот на реципроцитет. 

Pet tipa na prijateli sto mu se potrebni na sekoj maz 01

Прашањето е, колку пријатели имаме? Ако одговорот е околу 150, тогаш треба да се запрашаме колку од нив ни се блиски и најважното прашање, колку пријатели воопшто ни се потребни?

Ова се пет типа на пријатели што му се потребни на секој маж:

Ментор

Во суштина, ова е еден искрен пријател, кој од вашето пријателство сака само една работа - да биде подобра личност. Станува збор за личност која е постара, поискусна, поинтензивна и личност на која секогаш можете да ѝ верувате.

Менторот е пријател кој ќе ви понуди конструктивна критика, ќе биде искрен и веројатно нема да биде секогаш омилената и најблиската личност во вашиот живот, но ќе биде неопходна.

Копилот

Овој пријател има повеќе функции во вашиот живот. Најважната функција му е да го крши мразот кога сте во друштво на спротивниот пол. Копилот е пријател со кој се опивате и со кој ќе поминете низ пријатни и непријатни ситуации.

Ќе ве натера да излезете по раскинувањето и да запознавате нови луѓе. Овој пријател нема да ви дозволи да се чувствувате лошо и осамено.

Пријател кој знае сè за сè

Пријател кој знае како да ги замени плочките во бањата, кој знае како да направи совршена скара, кој ќе ви помогне да купите автомобил и кој секогаш е спремен да помогне.

За разлика од менторот, базиран првенствено на филозофија и теорија, овој пријател сака да работи. Не само што ќе ви помогне и ќе ве советува за многу практични работи, туку ќе научите како да работите подобро.

Pet tipa na prijateli sto mu se potrebni na sekoj maz 02

Фитнес пријател

Речиси секој има еден спортист, рекреативец меѓу пријателите. Тој е упорен и не се откажува после многу одбивања од ваша страна, токму затоа што е тврдоглав и убеден дека секогаш е во право.

Ова е пријател кој ќе ве одведе до границите на издржливоста, но исто така ќе се грижи за вашата физичка состојба. Еден ден ќе му бидете благодарни за ова.

Колега од работа

Тој спаѓа во посебна категорија на која мора да му посветите многу внимание. Пријателството е многу нестабилно и многу веројатно минливо, затоа што не треба да го ставате пријателството пред сите други активности поврзани со работата.

Затоа, колега од работа треба да биде некој кој е на слично ниво. Тој не мора да биде вашиот најдобар пријател, иако ова може да прерасне во вистинско пријателство.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg