14 работи што треба да престанете да ги правите во продавница за време на пандемијата

Сите сме им неизмерно благодарни на медицинските лица кои се вистински херои овој период, но аплауз заслужуваат и продавачите.

raboti-shto-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-vo-prodavnica-za-vreme-na-pandemijata-01.jpg

Продавниците со храна имаат повеќе работа од кога било, а вработените секојдневно се изложуваат на опасност за да се осигурат дека ние имаме сè што ни треба.

Сепак, поради паниката и стресот, многу луѓе не внимаваат како се однесуваат во продавница и со тамошните вработени.

Затоа, добро би било да знаете кои се работите што не треба да ги правите во продавница овој период:

1. Не одете во продавница со целото семејство. Доколку сте во можност, најдобро е да пазарувате сами. Во полните продавници и онака е тешко да ги почитувате препораките за социјално дистанцирање, па нема потреба да правите метеж со целото семејство.

2. Не влегувајте во личниот простор на вработените. Без разлика дали станува збор за касиер, хигиеничар или работник кој реди роба, држете што е можно подалеку – и за негова, и за ваша безбедност.

3. Не ги игнорирајте маркерите за социјално дистанцирање. Можеби имате забележано дека во некои продавници се обележани места за чекање ред на каса. Овие маркери се поставени со причина, па почитувајте ги.

raboti-shto-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-vo-prodavnica-za-vreme-na-pandemijata-02.jpg

4. Не одете во продавница ако се чувствувате лошо. Ако имате какви било симптоми, како кашлица, подобро не излегувајте од домот. Најверојатно нема простор за грижа, но подобро не ризикувајте додека не поминат симптомите.

5. Не им давајте совети за заштита на вработените. Сигурно со ова го мислите најдоброто, но не заборавајте дека овие луѓе се подготвени, па може дури поминале и обука за справување со вакви ситуации. Вашите совети само ќе им одземат од драгоценото време, а може дури и да ги исплашат.

6. Не одете во продавница само за да се размрдате. Карантинот е со причина, па ако ви е здодевно најдете си некоја занимација дома. Немојте да го загрозувате вашето и здравјето на сите во маркетот само затоа што не ви се седело дома.

raboti-shto-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-vo-prodavnica-za-vreme-na-pandemijata-03.jpg

7. Не ги допирајте работите што не планирате да ги купувате. Не знаете кој ги допирал продуктите пред вас, па доколку не планирате да купите нешто, воопшто не го допирајте.

Уште 7 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...

Најчитани неделава