Паузи во зборување, лажни емоции - Знаци кои откриваат дали некој ве лаже

Искреност на емоциите

Навистина е тешко совршено да одглумите некоја емоција. Кога покажуваме некоја емоција, како среќа, се менува изразот на целото наше лице.

На пример, ако некој ви упати насмевка, но притоа ја движи само неговата уста, веројатно насмевката е лажна. Кај искрената насмевка, најчесто ги затвораме и очите, ги спуштаме веѓите… односно, ги користиме сите мускули на лицето.

Ова важи за сите емоции.

znaci-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-05.jpg

Повторување

На некои луѓе едноставно им е тешко да ги вокализираат нивните мисли. Но, ако некој премногу повторува одредени зборови, голема е веројатноста да ве лаже.

Најчесто, лажговците повторуваат одреден збор со цел да ве убедат дека ја кажуваат вистината.

znaci-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-06.jpg

Одговарање со ваши зборови

За забележување на лагата, мора да обрнете внимание и на зборовите што ги избира соговорникот.

Ако некому поставите прашање, а тој ви одговори со истите зборови од вашето прашање, голема е веројатноста да лаже.

Истовремено, ако соговорникот го повтори прашањето пред да ви даде одговор, повторно постои можност да ве лаже. На овој начин, личноста си дава време да го смисли одговорот, односно лагата.

znaci-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-07.jpg

Покривање на лицето или устата

Еден од најочигледните знаци дека некој ве лаже е покривањето на устата или лицето.

Ова е чест психолошки одговор кај луѓето кои кажуваат лаги, па обрнете внимание.

znaci-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-nekoj-ve-lazhe-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg