Научни прашања на кои би требало да го знаете одговорот

На училиште, барем во основно, сите изучувавме предмети како физика, биологија, хемија и слично. На овие часови ни ги одговараа можеби најинтересните прашања за светот околу нас. Од што е изграден нашиот организам, од што се состои материјата, кои се правилата на природата кои владеат речиси насекаде…

nauchni-prashanja-na-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-odgovorite-01.jpg

Но, со текот на времето овие нешта се забораваат, особено ако не сте одлучиле да ги изучувате во средно или на факултет.

Секоја година научниците откриваат многу нови работи, разрешуваат голем број мистерии и нормално е да не бидете во тек со сè.

Сепак, постојат некои работи во врска со законите на природата кој би требало да ги знае секој, без разлика во која насока тргнал неговиот живот.

Во продолжение дознајте за кои станува збор:

Зошто небото е сино?

Ако сте биле внимателни на часовите по физика, можеби се сеќавате на ефектот познат како расфрлање на светлината. Токму ова е причината за сината боја на небото.

Кога сончевите зраци паѓаат на Земјата, тие мораат да поминат низ земјината атмосфера. Атмосферата, пак, е исполнета со гасови и честички од кои зраците светлина се одбиваат и се расфрлаат.

Но, од каде потекнува сината боја?

Сончевите зраци имаат неколку бои, секоја со своја бранова должина. Сончевата светлина се состои од видлив спектар (боите што ги гледаме ние), инфрацрвени и ултравиолетови зраци.

Сината светлина е во видливиот спектар и има релативно мала бранова должина, а ова значи дека минува полесно низ филтерот на атмосферата за разлика од другите. Односно, сината светлина допира до нашите очи, па небото го перцепираме како сино.

nauchni-prashanja-na-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-odgovorite-02.jpg

Колку е стара Земјата?

Староста на Земјата е нешто што се дебатира со векови.

Пресметките што ги направил Џон Лајтфут во 1654-та биле базирани на она што е напишано во Библијата, и тој заклучил дека Земјата била создадена во 4004 година п.н.е.

Денес знаеме дека ова не е точно, благодарение на датирањето со помош на времето на распад на елементите.

Датирајќи и споредувајќи примероци од месечината, метеоритите, но и карпите на Земјата, научниците дошле до заклучок дека нашата планета е стара околу 4,54 милијарди години, со можност за грешка од 1%.

nauchni-prashanja-na-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-odgovorite-03.jpg

Како функционира природната селекција?

Дарвиновата теорија на еволуцијата е уште една тема на која жестоко се дебатира.

Централниот концепт што го користел Дарвин во неговата теорија е природната селекција. Тој заклучил дека поради мали промени или мутации во генетскиот код, некои видови развиваат способности што нивните предци ги немале. Овие мутации се случајни, но ако се покажат како корисни, им овозможуваат поголеми шанси за живот на организмите.

Кога животното, човекот или растението со ваква мутација ќе се размножи, новиот ген се пренесува на новите генерации.

Интересно е што самата еволуција и не е така случајна. Односно, промените во генетскиот код настојуваат да стануваат почести ако му помагаат на организмот полесно да преживее и да се размножи.

На овој начин, во текот на многу години, се елиминираат „лошите“ гени, а мутациите кои се покажале како корисни стануваат дел од генетскиот код на видот.

nauchni-prashanja-na-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-odgovorite-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg