Жените родени во мај полесно стануваат шефови отколку што наоѓаат мажи – што кажува месецот на раѓање за вас?

Жените родени во месецот март се најчувствителни. Жените пак кои слават роденден во јуни се највнимателни од сите. 

Sto-kazuva-rodeniot-mesec-za-vas-01.jpg

Честопати се ранливи и несигурни, но истовремено се толку добри што никогаш не би помислиле на одмазда. Не сакаат расправии, конфликти, имаат добра интуиција…

За разлика од астрологијата, месецот во којшто сте родени има огромно влијание врз вашиот карактер, а постојат и одредени научни докази коишто го поткрепуваат ова тврдење.

Нема сомнеж дека темпераментот, карактерот и судбината на жената пред сè зависат од нејзиниот живот, начинот на воспитување, искуствата. Родениот месец на една жена може да ви открие многу работи за неа:

Јануари

Во овој месец се раѓаат најтрпеливите и најиздржливите жени. Често пати се одликуваат со силен, „машки“ карактер. Сигурно нема да ги слушнете како се жалат или како ви проповедаат некакви лекции. Порадо би си ги решавале проблемите тивко и самостојно.

Жените родени во јануари не сакаат да се занимаваат со работите поврзани со чистење и средување на домот, но имаат талент за во кујна и за подготовка на јадења.

Февруари

Жените родени во вториот месец се упорни и тврдоглави, чувствителни, а знаат да бидат и мошне одмаздољубиви. Имаат прилично сложен карактер. Тие се соочуваат со многу стрес, но во исто време кај нив е присутно и високо ниво на самоконтрола.

Тие не се плашат од проблеми, одлуките ги носат експедитивно не размислувајќи многу долго. Поради тоа што брзаат, нивните одлуки не секогаш се правилни и добри. Одлично манипулираат со луѓето, па затоа често имаат добри кариери. Многу сакаат деца.

Март

Жените, како што споменавме, родени во март се најчувствителни и ранливи. Често пати се и тврдоглави, што на крајот, за жал, оди на нивна штета. Знаат да бидат и несигурни и често пати се сметаат за несмасни.

Поради нивната срамежливост, на овие жени им е тешко да постигнат успех. Природата ги надарила со нежност и вроден шарм, па токму затоа најчесто привлекуваат мажи кои се однесуваат заштитнички кон нив.

Април

Четвртиот месец е месецот на храбрите, упорните и мотивираните жени. Тие се одликуваат со рационалност и прагматичност. Секогаш точно знаат што сакаат, и полека, но сигурно ги остваруваат своите желби и цели.

Овие жени родени во април не може да поднесат нестабилност. Емоциите и чувствата ги ставаат речиси секогаш на прво место, пред рационалното размислување.

Мај

Во мај се родени самостојните и жените кои имаат високи стандарди. Тие се бескомпромисни и мошне одлучни жени. Не простуваат никому и лесно ги раскинуваат врските и браковите, иако подоцна може да се каат поради тоа.

Ова се тврдоглави жени – лидери. Полесно им е да станат шефови, отколку да најдат маж. Сè што е материјално за нив претставува приоритет.

Јуни

Жените родени во јуни се мошне внимателни. Често пати се несигурни и ранливи, но имаат нежен и добар карактер што не им дозволува да бидат одмаздољубиви.

Бегаат од расправи и конфликтни ситуации. Имаат силно изразена интуиција која им помага да ги избегнат ваквите напорни и стресни состојби. Постапуваат согласно внатрешното расположение.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg