Жените родени во мај полесно стануваат шефови отколку што наоѓаат мажи – што кажува месецот на раѓање за вас?

Јули

Во овој месец се раѓаат скромни и срамежливи жени. Често пати се грижат и постојано се преиспитуваат и се самоанализираат себеси. Нивниот живот зависи од расположението што го имаат.

Скромни се, романтични, неретко имаат длабоки чувства во себеси, но ретко ги покажуваат пред другите. Домот и семејството се најважните нешта во животот на овие жени.

Август

Најгорделивите и најсамостојните жени се родени во осмиот месец од годината. Тие се добри и харизматични, но многу жедни за моќ. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и силно ја ценат независноста.

Имаат силна харизма и моќ да ги заинтересираат брзо мажите, но најмногу ги вреднуваат фамилијарните, односно семејните односи. Искрени се, пристојни, па затоа често пати им се случува партнерите да ги изневерат.

Септември

Септемвриските дами се емотивни и темпераментни. Од другите жени се разликуваат по тоа што се вистински борци и пресметани. Малку се нарцисоидни и скржави, тешко им паѓа да се одвојат од заработените пари, но секогаш навремено ги враќаат долговите.

Сакаат да бидат дел од некое друштво, но во заднината на тоа се крие некаква корист. Љубоморни се, многу педантни и одлично знаат да готват.

Октомври

Во октомври се раѓаат многу едноставни, отворени во комуникацијата, одговорни и остроумни жени. Практични се, но истовремено и мошне великодушни.

Одлуките ги носат многу внимателно. Имаат одлична меморија. Многу се принципиелни и не простуваат неверство. По секоја цена ќе се обидат да го зачуваат мирот и хармонијата во семејниот дом, во кој најчесто го имаат главниот збор. Одлични домаќинки.

Ноември

Во претпоследниот месец се раѓаат пресметани и себични жени. Силни се, имаат сложен карактер и мошне изразена интуиција. Нивните партнери мора да се соочат со фактот дека нивното мислење нема често пати да биде земено предвид.

Знаат да ги чуваат работите и се мошне економични. Страсни се во љубовта и темпераментот генерално. Умеат да љубат силно и длабоко. Непоколебливи, кога ќе го насочат умот кон нешто мора да ја исполнат целта.

Декември

Жените родени во декември се емотивни и се одликуваат со експлозивен карактер. Упорни се, бестрашни, независни. Ќе постигнат успех и покрај препреките кои се пред нив. Многу се комуникативни, романтични, малку идеалистички, но добри пријателки.

Не умеат баш да штедат, а поради својот бурен темперамент најчесто имаат проблеми во семејството.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...

Најчитани неделава