Зошто сакаме да спиеме со прекривка дури и кога времето е топло?

Во зима, речиси ништо не се споредува со чувството кога ќе си легнеме и ќе се покриеме со топло ќебе, особено ако температурите се навистина ниски.

zoshto-sakame-da-spieme-so-prekrivka-duri-i-koga-vremeto-e-toplo-01.jpg

Но, сте се запрашале ли зошто повеќето луѓе не можат да заспијат без каква било прекривка, дури и кога времето е навистина топло?

Во голема мера, најверојатно станува збор за навика, но постојат и други причини за ова:

Прекривката ја регулира температурата на телото

Ние сме топлокрвни суштества и нашето тело ја регулира својата температура, поради што не ни студи. Сепак, дури и летно време, додека спиеме нашата телесна температура се намалува, а додека е во РЕМ фазата, телото не може само да ја регулира температурата. Поради ова може да ни пристуди и во летните ноќи.

Прекривката или ќебето се одлично решение во овие моменти – ни помагаат да се стоплиме кога не можеме сами.

Прекривките се дел од нашата рутина

Како што веќе рековме, спиењето со прекривка или ќебе е и навика. Бидејќи веројатно уште кога сте биле мали вашите родители ве покривале, оваа навика останува и подоцна во животот.

На некој начин, кога ќе се покриеме телото „сфаќа“ дека е време за спиење.

zoshto-sakame-da-spieme-so-prekrivka-duri-i-koga-vremeto-e-toplo-02.jpg

Прекривките го намалуваат стресот

Серотонинот е еден од хормоните што ни го подобруваат расположението и што нè смируваат. Кога пред спиење ќе се покриеме, се зголемува нивото на серотонин, со тоа намалувајќи ги стресот и анксиозноста.

Ова, пак, ни помага полесно да заспиеме.

zoshto-sakame-da-spieme-so-prekrivka-duri-i-koga-vremeto-e-toplo-03.jpg

Се чувствуваме заштитено

Едноставно кажано, спиењето со прекривка е како спиење во прегратка. Прегратките прават да се чувствуваме удобно и заштитено, па прекривката за време на спиење има сличен ефект.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
13 детски цртежи кои ќе ве насмеат до солзи (и разнежат) „Син ми ја нацрта учителката - не знам дали да ѝ го дадам цртежот или не“. „С...
Тргнала на пат низ Америка со свршеникот, но тој ја убил и се вратил дома: Трагичната судбина на Габ... Габи Петито тргнала на патување од сништата со нејзиниот свршеник – сакале да ја...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
Која температура на водата е најпријатна за бањање во море (и кога е безбедно за бебиња и деца)? За возрасните, водата е најпријатна кога има 25-26 степени Целзиусови. Но, повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg