За испуштените можности, за идните грешки - работи за кои треба да си простите уште денес

За начинот на којшто сте се однесувале кон себе

Колку пати сте размислувале за вашите недостатоци? Колку пати сте се критикувале и омаловажувале самите? Од денес елиминирајте ги сите негативни мисли за себе, но и простете си за оние од минатото.

raboti-za-koi-treba-da-si-prostite-ushte-denes-03.jpg

За факултетот што сте го завршиле

Многу студенти, па дури и возрасни кои веќе дипломирале, се каат за факултетот што го одбрале. Ако спаѓате овде, треба да си простите и за тоа.

Без разлика колку е вредна вашата диплома денес, додека сте студирале сте „собрале“ незаменливи искуства кои вреди да се доживеат и кои ве изградиле како личност.

За паузите што сте ги направиле од животот

Можеби сте паузирале од студирање. Можеби некој период сте се изолирале од сите. Можеби некое време сте живееле настрана од дома. Без разлика каква пауза сте направиле и поради која причина сте ја направиле, не треба да се чувствувате лошо за тоа.

Сигурно токму таа пауза ви помогнала да се вратите на нозе.

За испуштените можности

Веруваме дека треба да ги зграпчиме сите можности што ни се пружаат, а кога нема да го направиме тоа, се чувствуваме навистина лошо.

Но важно е да знаете дека е невозможно да ги искористите сите можности и треба да си простите за оние што сте ги испуштиле, без разлика колку ви се чинеле добри. Некогаш грешките водат до нешто подобро.

raboti-za-koi-treba-da-si-prostite-ushte-denes-04.jpg

За грешките што допрва ќе ги направите

Не постои личност која не погрешила и која нема да погреши во иднина.

Затоа, уште денес простете си за грешките што ќе ги направите утре. Факт е дека дел од нив се неизбежни, па зошто непотребно да се казнувате и измачувате?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава