Позитива на денот: Кога најмалото братче ќе „упадне“ на TikTok видео по пелена

Бидејќи периодов најголемиот дел од денот го поминуваме дома, TikTok видеата со танцување на многумина им се една од најчестите занимации.

pozitiva-na-denot-slatko-detence-tancuva-so-teksas-jakna-i-peleni-na-tiktok-video-01.jpg

Безброј славни, но и „обични“ луѓе ги прифаќаат разните TikTok предизвици и ги покажуваат нивните танцувачки способности. Но, помеѓу илјадниците вакви видеа, споделени од милиони корисници, едно мало момче успеа да ги засени сите.

Видеото почнува со две деца кои го прават таканаречениот #RenegadeChallenge предизвик на TikTok, кога по неколку секунди „упаѓа“ нивното мало братче, во пелени и тексас јакна.

Детенцето игра како вистински професионалец, но она што најмногу го насмеа светот се неговите преслатки изрази на лицето. Уште поинтересно е што детето е дотерано со црна маичка, тексас јакна и патики, но нема панталони, туку носи само пелена.

Видеото кое беше споделено минатата недела веќе има милиони прегледи, па дури и познатите почнале да коментираат за неверојатната изведба на детето.

Октавија Спенсер, Наоми Вотс и Виола Дејвис се само дел од познатите кои го споделиле или прокоментирале за слаткото видео.

Ако врнежливото време ви го расипа расположението, тогаш ова слатко дете сигурно ќе го промени тоа:

@forbes_gang

##repost @officially.cadee ##babykyng1 ##diaperbaby ##renegadekids ##renegadebabychallenge ##youtube renegade baby

♬ original sound - forbes_gang

 Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава