Психолошки податоци кои ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе

Секогаш е интересно да дознаеме нешто ново за тоа какви сме, што нè мотивира, како се менува нашето расположение...

psiholoski-podatoci-koi-ke-vi-pomognat-podobro-da-se-razberete-samite-sebe-01_resize.jpg

Овие психолошки податоци и факти ќе ви помогнат да добиете едно поинакво спознавање на самите себе, но и луѓето во ваша близина:

1. Пријателствата склопени помеѓу 16 и 28 години обично се најдолготрајни.

2. Колку што е поголема интелигенцијата на човекот, толку побро му летаат мислите и неговиот ракопис станува полош.

3. Всушност, емоциите не влијаат на нашиот стил на комуникација, туку обратно – начинот на кој разговараме влијае на нашето расположение.

4. На првиот состанок може да откриете многу за карактерот на личноста со која сте излезени, според тоа како се однесува со келнерот.

5. Мажите не се подуховити од жените, туку едноставно помалку размислуваат на тоа дали шегите ќе им се допаднат на другите.

6. Недруштвените личности имаат способност за себе да зборуваат на јасен и концизен начин.

7. Жените имаат двапати повеќе рецептори за болка за разлика од мажите, но истовремено нивниот праг на толеранција за болка е двапати повисок.

8. Кога човек слуша многу гласна музика, станува помирен, посреќен и поопуштен.

psiholoski-podatoci-koi-ke-vi-pomognat-podobro-da-se-razberete-samite-sebe-02_resize.jpeg

9. Ако мислите не ви дозволуваат да заспиете навечер, запишете ги. Благодарение на ова умот ќе ви се ослободи и ќе почне да ви се приспива.

10. Пораките за добро утро и добра ноќ го активираат делот од мозокот кој е одговорен за среќа.

11. Ако го правите она што ве плаши – ќе бидете посреќни.

12. Во просек, една жена може да чува тајна 47 часа и 15 минути.

13. Колку што сте посреќни толку помалку време за спиење ви е потребно.

14. Кога партнерот ве држи за рака, чувствувате помалку болка и помалку се грижите.

15. Жените кои се дружат со мажи и имаат стабилни машки пријателства се со подобро расположение.

16. Билингвалните личности можат несвесно да ја менуваат својата личност кога преминуваат од еден јазик на друг.

17. Патувањата се корисни за вашето ментално здравје, а исто така го намалуваат ризикот од срцев удар и депресија.

18. Луѓето изгледаат попривлечно кога со ентузијазам зборуваат за нешто што вистински ги интересира.

psiholoski-podatoci-koi-ke-vi-pomognat-podobro-da-se-razberete-samite-sebe-3_resize.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg