30 животни вистини

30-zivotni-vistini-koi-treba-da-gi-znaete-povekjeЖивот – толку убав, а ограничен. Времето си тече и додека се свртиме поминале нашите најубави години без да забележиме. Време е да сфатите дека...

 

...постојат неколку животни вистини кои треба да ги знаете и применувате.

Ова се првите 15 од нив:

1. Животот е тежок. Никој нема да ви каже дека е лесно да ги поминувате сите животни препреки. Затоа немојте воопшто да мислите дека лесно ќе си поминете.

30-zivotni-vistini-koi-treba-da-gi-znaete

2. Светот не ви е должен ништо. Од вас зависи како ќе го креирате својот живот и како ќе го извлечете најдоброто од она околу вас.

3. Не можете да направите нешто големо ако не ризикувате. Меѓутоа, секогаш е важно да го калкулирате ризикот и да проверите дали може да се справите со најлошиот исход. Ако не можете, не навлегувајте. Надевајте се на најдоброто, но секогаш бидете подготвени за најлошото.

4. Не можете да им удоволите на сите. Обидот да им се допаднете на сите е невозможна мисија. Подобро потрудете е да си се допаднете себе, а за другите размислувајте помалку.

5. Стравот ја убива креативноста. Освен тоа ги уништува и вашите сништа и амбиции. Ако дозволите стравот да ја преземе контролата над вас, ќе пропуштите многу добри прилики.

6. Парите се важни, но не се сè на светот. Парите не вредат ако заради нив морате да ги жртвувате другите подрчја од животот или своите ставови, затоа што тогаш, без оглед на тоа колку пари имате, нема да можете да бидете среќни.

7. Само вие можете да се промените себе си или својот живот. Никој освен вас нема магично стапче. Секоја промена започнува во вас.

8. Не можете да ги промените другите. Можете да бидете трпеливи и да чекате да се променат, но нема гаранција дека тоа ќе се случи.

9. Не можете да го промените минатото. Не можете да го вратите времето, но можете да научите нешто од своите грешки и да ги промените.

10. Искреноста е секогаш најдобро решение. Лажењето е поедноставно, но без оглед на тоа колкава е лагата секогаш боли повеќе од вистината.

11. Вистината е релативна. Она што вам ви изгледа како апсолутна вистина, низ туѓите очи може да изгледа како лага. Сите ние светот околу себе го перцепираме низ призмата на сопствените искуства, надежи и желби.

12. Омразата, љубомората и лутината само ви штетат. Негативните емоции не можат да им наштетат на другите, но вам може да ви донесат многу проблеми, пред се здравствени и психолошки.

13. Да живеете во сегашноста е сè што можете. Не тагувајте по минатото и не планирајте ја иднината. Животот е возможен само сега и овде.

14. Немојте да се плашите од промените. Промените се составен дел од живото, а вие можете да се справите со сите.

15. Страста е клуч за среќа. Најсреќни се оние личности кои сакаат нешто страствено: партнерот, работата, хоби, пријателите...

Продолжува...

Би можело да ве интересира:

Бил лекар, убил над 200 свои пациенти – Кој бил Харолд Шипман, еден од најозлогласените сериски убиј... Се претпоставува дека лекарот Харолд Шипман од Англија е одговорен за смртта на ...
Стјуардеси ги откриваат петте највалкани места во авионот Помошните масички кои се наоѓаат на седиштето честопати се користат за јадење ил...
8 мрзливи луѓе и нивните чудни „изуми“ „Може ли некој да биде поголема мрза од ова? Неверојатно дека вака ги оставил ја...
Животни лекции од Опра Винфри кои ќе ги инспирираат жените постари од 50 години „Кога наполнив 50 години, мојата пријателка Маја Анџелоу ми рече: ‘Душо, 50-те ќ...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Шведски бон-тон правила што би сакале да почнат да се применуваат и кај нас Никој не го прескокнува редот пред шалтер само за да праша нешто, а на автобуска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg