Секој втор автомобил е стар 15 години, дома шетаат со чевли - Колку сме слични со Србите?

Русинка која живеела 10 години во Србија раскажува какво било нејзиното искуство и како ја доживеала земјата.

sekoj-vtor-avtomobil-e-star-15-godini-doma-shetaat-so-chevli-kolku-sme-slichni-so-srbite-01.jpg

Ксенија студирала, работела и живеела во Белград 10 години, а потоа се вратила во Русија, но редовно ја посетувала Србија и откако се вратила во родната земја.

За нас, сите овие работи кои таа ги доживеала таму нема да бидат чудни, бидејќи во голем дел имаме слични навики и традиции со Србите, но за неа сепак имало некои работи кои ги доживеала за првпат.

Русинка раскажува како ја доживеала Србија, а речиси во сите работи ќе се пронајдеме и ние, иако за странците е тоа чудно:

Цвеќиња се даваат во две пригоди – прослава и погреб

Луѓето ретко имаат навика без причина да си купуваат свежи цвеќиња и букети, но цвеќарниците се преполни кога се организираат свадби. Околу гробиштата исто така може да се најдат голем број цвеќари.

sekoj-vtor-avtomobil-e-star-15-godini-doma-shetaat-so-chevli-kolku-sme-slichni-so-srbite-02.jpg

Гостите може да влезат во домовите со чевли

Домаќините, но и гостите многупати слободно се шетаат низ домот со чевлите кои ги носеле надвор.

sekoj-vtor-avtomobil-e-star-15-godini-doma-shetaat-so-chevli-kolku-sme-slichni-so-srbite-03.jpg

Се пушат цигари во домовите и затворени простории

Покрај во угостителските локали, на луѓето им е дозволено да пушат цигари и во домовите. Сепак, ова не е правило, бидејќи домаќините сами одлучуваат дали ќе им дозволат на гостите да пушат внатре или на балкон.

sekoj-vtor-avtomobil-e-star-15-godini-doma-shetaat-so-chevli-kolku-sme-slichni-so-srbite-04.jpg

Имаат специфична кујна, а пилешкото не го сметаат за месо

Србија има разновидна кујна со посебни специјалитети. За поголем дел од Србите, пилешкото не се смета за месо, туку го споредуваат со риба. Зборот „месо“ за нив означува свинско. Други необични јадења се чварките кои личат на тутун и компотот кој се прави од сливи или други плодови.

sekoj-vtor-avtomobil-e-star-15-godini-doma-shetaat-so-chevli-kolku-sme-slichni-so-srbite-05.jpg

Сите се плашат од промаја

Луѓето мислат дека провевот може да биде причина за секакви заболувања и ја гледаат како најстрашно нешто. Кога ќе ја почувствуваат, затвораат прозорци, облекуваат долни маици и врзуваат џемпери и јакни околу половината.

sekoj-vtor-avtomobil-e-star-15-godini-doma-shetaat-so-chevli-kolku-sme-slichni-so-srbite-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg