3 лекции кои ги научивме гледајќи го документарецот за кој сите зборуваат – The Last Dance

Гледајќи го десеттоделниот документарец The Last Dance, минувате низ спектар од емоции: возбуда, изненадување, лутина, моменти во кои сте на раб да заплачате, а веќе во следната минута гласно да се насмеете.

3-lekcii-koi-gi-naucivme-gledajki-go-dokumentarecot-za-koj-site-zboruvaat-the-last-dance-001.jpg

Со други зборови, гледајќи го документарецот ќе се чувствувате како да седите на клупа на NBA финална игра која се сведува на шут и скок во последна секунда.

Попатно, ќе извлечете 3 клучни лекции:

Мотивација

Многу луѓе може да се мотивираат за освојување на едно првенство, но многу е потешко да го повторите успехот и да се мотивирате дека можете уште повеќе.

Иако способноста на Мајкл Џордан на теренот еден ден можеби ќе биде изедначена, а резултатите надминати, сепак тешко е да поверувате дека неговата желба за победа и мотивацијата за натпревар ќе ја најдете во друг играч.

Не е лесно да работиш ден за ден, недела за недела, година за година, но ако сакате да успеете во височините, ќе мора да најдете начин да останете мотивирани.

Бидете пример

Ако сакате да бидете лидер, мора да работите понапорно, но и подобро од своите колеги. Можеби е тешко, но е неопходно.

Џордан вели дека неговото размислување било: Ако сакаш да бидеш дел од мојот тим и да играш со мене, мора да се искачиш на мое ниво.

Фокус

Вештината и искуството може да ве направат добри, но ви треба „она нешто“ за да бидете посебни.

Мајкл Џордан бил секогаш таму, во моментот, и на ниту едно друго место. За него, во моментот на натпреварот, немало вчера или утре – само сега, тој момент, тој погодок, таа победа.

Поставете си цели, но кога работите, работете само на задачата која ви е приоритет.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава