Како еднаш засекогаш да се одвикнете од грицкањето нокти?

Живееме во свет каде што стресот е најнормална појава, но овој начин на живот е и причина за многу лоши навики. За 30-тина проценти од луѓето ширум светот, оваа навика е грицкањето нокти.

kako-ednash-zasekogash-da-prestanete-go-grickanjeto-nokti-01.jpg

Сите што грицкаат нокти знаат дека оваа навика е нехигиенска, но и дека ги уништува забите и го зголемува ризикот од инфекции на прстите. Но понекогаш се чини како дека е невозможно да се ослободите од неа.

Важно е да знаете дека со малку труд, можете да го сторите тоа.

Во продолжение дознајте како:

Лак против грицкање нокти

Бидејќи најчесто луѓето несвесно ги грицкаат нивните нокти, овие лакови се одлично решение.

Можете да ги нанесете и врз обичен лак за нокти, а бидејќи имаат ужасен горчлив вкус, веднаш ќе ги извадите прстите од устата.

Секогаш носете алатки за средување нокти

Секогаш кога ќе почувствувате потреба да ги грицкате ноктите, подобро почнете да ги стругате со турпија.

Кога ќе забележите некоја нерамнина на ноктот или слично што ќе сакате да ја „средите“ со грицкање, средете ја со турпија.

kako-ednash-zasekogash-da-prestanete-go-grickanjeto-nokti-06.jpg

Станете свесни за вашата навика

Како што напоменавме, најчесто луѓето несвесно ги грицкаат своите нокти, па почнете да обрнувате внимание кога вие го правите тоа.

На некој начин, водете си евиденција и запомнете во кои ситуации почнувате да грицкате нокти, во кои делови од денот, кои емоции ве тераат го правите тоа…

На овој начин ќе ја откриете психолошката причина за грицкањето нокти и полесно ќе се контролирате.

Направете си маникир

Ако вашите нокти изгледаат убаво, помала е веројатноста дека ќе сакате да ги грицкате.

Па лакирајте ги ноктите, а ако треба платете и малку повеќе за убав маникир, и сигурно ќе намалите со грицкањето.

kako-ednash-zasekogash-da-prestanete-go-grickanjeto-nokti-05.jpg

Заменете ја лошата навика со друга

Ова е трик што можете да го користите за речиси секоја лоша навика.

Ако грицкате нокти само колку да правите нешто со рацете и устата, тогаш џвакајте мастики или нешто слично.

Визуeлизирајте ги вашите нокти од соништата

Ако редовно грицкате нокти, веројатно вашите прсти изгледаат лошо. За полесно да се справите со искушението, секојпат кога ќе посакате да ги грицкате ноктите замислете си какви можат да бидат вашите раце ако не го направите тоа.

За инспирација и мотивација - Идеи за летен маникир што ќе сакате да ги пробате веднаш.

kako-ednash-zasekogash-da-prestanete-go-grickanjeto-nokti-07.jpg

Носете ракавици

Ако воопшто не можете да се контролирате, додека сте дома носете ракавици. Овој трик воопшто не е пријатен за летно време, но ова можеби дополнително ќе ве мотивира што побрзо да се ослободите од лошата навика. Можете да користите широки, најлонски ракавици, наместо медицински, за да не ги уништите рацете.

Побарајте помош

Ако никако не можете да се ослободите од лошата навика, секогаш можете да побарате помош од професионалец.

Вашиот лекар ќе ви помогне да ја најдете вистинската причина за оваа навика и ќе ви покаже како засекогаш да се ослободите од неа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg