Кои работи може да ги правите сами дома, а за што треба да одите кај професионалец?

Без разлика дали станува збор за фарбање, средување на веѓите или кратење на облеката, понекогаш сите се обидуваме сами да ги направиме овие нешта.

shto-mozhete-da-napravite-sami-a-shto-mozhete-da-prepushtite-na-profesionalec-01.jpg

Но неретко не го добиваме посакуваниот резултат, па дури и ја влошуваме ситуацијата.

Важно е да знаете дека некои работи е најдобро да им ги оставите на професионалците, без разлика колку сметате дека сте вешти. На овој начин ќе избегнете многу проблеми, а професионалците сигурно ќе завршат подобра работа од вас.

Погледнете што можете да направите сами, а што треба да препуштите на професионалец:

Промена на бојата на косата

Дома: Ако планирате да ставате само една боја на косата, тогаш лесно ќе се офарбате и сами. Но, ова важи само ако ставате нијанса слична или потемна од вашата.

Кај професионалец: Ако сакате да ја осветлувате косата, најдобро е да одите во салон. Овој третман може да биде покомплициран и постои поголем ризик да си ја оштетите косата. Истото важи и за нијансирањето и која било техника што бара повеќе бои.

shto-mozhete-da-napravite-sami-a-shto-mozhete-da-prepushtite-na-profesionalec-02.jpg

Стрижење

Дома: Ако сакате само да ги отстраните испуканите врвови, можете да се обидете и сами.

Кај професионалец: Никогаш не се обидувајте сами да си ги скратите шишките – можноста за грешка е голема, и сигурно ќе биде видлива. Истото важи и ако сакате целосно да ја промените фризурата.

shto-mozhete-da-napravite-sami-a-shto-mozhete-da-prepushtite-na-profesionalec-03.jpg

Средување веѓи

Дома: Ако вашите веѓи се оформени, можете сами да ги средувате. Доволно е со пинцета да ги отстраните несаканите влакна.

Кај професионалец: Ако подолго време не сте ги средиле веѓите или сакате да ја промените нивната форма, најдобро е да одите во салон. И овојпат голема е веројатноста да направите грешка.

shto-mozhete-da-napravite-sami-a-shto-mozhete-da-prepushtite-na-profesionalec-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg