Кои работи може да ги правите сами дома, а за што треба да одите кај професионалец?

Фарбање веѓи и трепки

Дома: Ова е нешто што би требало да му го оставите на професионалец. Сами можете да ги направите веѓите потемни со моливче, сенка и слично.

Кај професионалец: Ако сакате трајно фарбање на веѓите или трепките, секогаш одете во салон за убавина. Сепак, станува збор за вашето лице и сигурно не сакате да си направите проблем со иритација.

shto-mozhete-da-napravite-sami-a-shto-mozhete-da-prepushtite-na-profesionalec-05.jpg

Кратење облека

Дома: Ако станува збор за фармерки, можете да ги скратите и сами. За ова не ви е потребно многу знаење и техники за шиење, а дури и да направите грешка, лесно ќе можете да ја исправите.

Кај професионалец: Ако, пак, сакате да скратите памучни панталони, здолништа, фустани или облека на која јасно се познаваат рабовите, најдобро е да ја однесете кај шивач.

shto-mozhete-da-napravite-sami-a-shto-mozhete-da-prepushtite-na-profesionalec-06.jpg

Перење палта, сакоа и слично

Дома: Ако станува збор за памучно палто или ако на декларацијата пишува дека палтото е погодно за во перална, можете да го исперете и дома. Превртете го палтото или сакото наопаку и исперете го во перална според инструкциите на неговата декларација.

Кај професионалец: Волнените капути, јакните и слично најдобро е да ги однесете на хемиско чистење. Најчесто тие се направени од материјали кои тешко се чистат и тешко се сушат, па хемиското чистење е најлесната алтернатива.

shto-mozhete-da-napravite-sami-a-shto-mozhete-da-prepushtite-na-profesionalec-07.jpg

Чистење теписи

Дома: Покрај чистењето со правосмукалка, дома можете да ги отстраните и помалите дамки од тепихот. Само внимавајте да не користите средства за избелување на тепих со потемни бои.

Кај професионалец: И покрај редовното чистење со правосмукалка, барем двапати годишно исперете го тепихот. Ова е работа што е најдобро да им ја препуштите на професионалците.

shto-mozhete-da-napravite-sami-a-shto-mozhete-da-prepushtite-na-profesionalec-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg