Што ги поврзува кралицата Елизабета и принцезата Дијана со Македонија?

Нашето Охридско езеро е најстаро во Европа. Познато е низ целиот свет по своите бисери.

shto-gi-povrzuva-kralicata-elizabeta-i-princezata-dijana-so-makedonija-01.jpg

Охридските бисери се уникатни и препознатливи. Се изработуваат од школки, со додавање на најмалку 8 слоеви тајна емулзија која им го дава специфичниот сјај.

Дел од состојките на емулзијата се крлушките од плашицата, која е ендемски вид во Охридското езеро, но останатите состојки и процеси остануваат тајна. Секој слој треба добро да се исуши пред да биде нанесен следниот, а ова може да трае од 45 минути до 1 час.

Охридските бисери се омилени на кралските дами - ги носи и кралицата Елизабета, ги носела данската кралица Маргарет, а не им одолеала ниту принцезата Дијана и шведската кралица Силвија.

shto-gi-povrzuva-kralicata-elizabeta-i-princezata-dijana-so-makedonija01.jpgШведскиот крал Густаф и кралицата Силвија во 1977 година

„Рецептот“ за изработка на бисерите се пренесува само на машките наследници, а оригиналните бисери ги прават само две фамилии.

Една легенда вели дека охридските бисери датираат од 1924-та година кога руски емигрант ја споделил тајната техника за изработка на бисерите со двете семејства – Талеви и Филеви. Охрид го потсетил на езерото во неговата татковина.

shto-gi-povrzuva-kralicata-elizabeta-i-princezata-dijana-so-makedonija-04.jpgДанската кралица Маргарет II и холандската кралица Јулијана

Бисерите се произведуваат рачно, исклучиво од природни материјали.

Школките и рибината емулзија ги штитат бисерите од солите од потта.

shto-gi-povrzuva-kralicata-elizabeta-i-princezata-dijana-so-makedonija01_2.jpg

Охридските бисери се вечни. Сите останати траат околу 150 години.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава